2. Меѓународна рамка за човековите права во здравствената заштита

 

2.1. Вовед

Во ова поглавје се претставени главните норми што ги штитат човековите права во здравствената заштита на меѓународно ниво и се дава преглед на тоа како телата што вршат надгледување на Обединетите нации (ОН) ги толкуваат овие норми. Ова поглавје е поделено на два дела. Во првиот дел се разгледуваат правата на пациентите, додека вториот дел се фокусира на правата на давателите на услуги. Секој дел вклучува и посебен дел кој ги објаснува важните норми поврзани со соодветното право (на пример, правото на слобода и безбедност на личноста), а, исто така, дава и неколку примери за потенцијални прекршувања на правото. ПОВЕЌЕ... 

2.2. Главни извори

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

Универзалната декларација за човековите права од 1948 година

Универзалната декларација за човековите права не е договор, но има голем авторитет. Таа ја има насочено еволуцијата на модерните закони за човекови права и голем дел од нејзините одредби се ефикасно применети во меѓународните договори (види подолу). Голем број од нејзините одредби имаат статус на меѓународно обичајно право – тие се универзални и неоспорни. ПОВЕЌЕ...  

2.3. Права на пациентите

Во овој дел се разгледува меѓународната заштита на десет клучни права на пациентите:

  •  Слобода и безбедност на личноста;
  •  Приватност;
  •  Пристап до информации;
  •  Телесен интегритет;
  •  Живот;
  •  Највисок достапен стандард на ментално и физичко здравје;
  • Слобода од тортура и друго сурово, нечовечно или деградирачко постапување или казнување;
  • Учество во јавни политики;
  • Еднаквост и слобода од дискриминација; и

2.4. Права на здравствените работници

Давателите на здравствена заштита имаат клучна улога во справувањето со злоупотребите кои се случуваат во здравствените установи. Притоа, примената на рамката за човекови права во грижата за пациентите подразбира дека треба да се заштитат интересите и на пациентите и на давателите на здравствена заштита. Доколку давателите на здравствени услуги не можат да ги остварат своите права, тоа може да ги одврати или да станат немоќни во ефективното спречување на злоупотребата на пациентите. ПОВЕЌЕ...  



Човековите права во здравствената заштита - Прирачник за практичари

 

Предговори и кратенки

 

Благодарност 

Овој прирачник е производ на заедничките напори на голем број посветени луѓе и организации. Идејата за овој прирачник произлезе од искрени мотиви и уверувања дека со препознавањето на класичната позиција (зависна и пасивна) и со менувањето (во партиципативна и активна) на позицијата на пациентите во однос на здравствените работници, како и промовирањето на човековите права во здравствената заштита и медицината ќе се овозможи должното почитување на достоинството и на пациентите и на здравствените работници. ПОВЕЌЕ...

Предговор кон прирачникот

Долго  време  правото   на  здравје  беше  третирано  како  „право  од  втора  генерација“, што подразбираше негова неприменливост на национално ниво, а со тоа и недостиг од внимание и инвестиции за негова реализација. Сепак, ова е значително променето бидејќи државите сè повеќе ги вклучуваат правото на здравје и неговите клучни елементи како основни и применливи права во нивните устави и стануваат дел од нивните домашни закони. ПОВЕЌЕ...

Предговор кон македонското издание

Човековите права во здравствената заштита е правна област која во Република Македонија  е  соодветно обработена  и  во  националното  законодавство  и  со ратификуваните  и  потпишани  меѓународни инструменти.  Уште  од  осамостојувањето, правото на здравје и обврската за грижа за сопственото и здравјето на другите е инкорпорирано во Уставот на РМ и во позитивните прописи, а оттогаш и  развиено со  права  и  обврски,  како  на  пациентите  така  и  на  здравствените работници и здравствените установи.  ПОВЕЌЕ...

Кратенки

 

Целиот прирачник, тука:

Човековите права во здравствената заштита - Прирачник за практичари

Предговор кон прирачникот


Долго  време  правото   на  здравје  беше  третирано  како  „право  од  втора  генерација“, што подразбираше негова неприменливост на национално ниво, а со тоа и недостиг од внимание и инвестиции за негова реализација. Сепак, ова е значително променето бидејќи државите сè повеќе ги вклучуваат правото на здравје и неговите клучни елементи како основни и применливи права во нивните устави и стануваат дел од нивните домашни закони. Исто така, значајните одлуки донесени од домашните судови, особено во Азија, Африка и во Латинска Америка, придонесоа во реализацијата на правото на здравје на домашен терен и во воспоставувањето на судската практика во оваа област.

Иако овие и други позитивни случувања во насока на обезбедување највисок можен стандард на физичко и ментално здравје претставуваат значителен напредок, правото на здравје за сите без дискриминација не се реализира, особено за многумина кои се дел од најмаргинализираните и ранливи групи, за кои највисокиот можен стандард на здравје останува недостижен. Всушност, за многумина интеракцијата со здравствените установи и давателите на здравствени услуги е проследена со дискриминација, злоупотреба и со прекршување на нивните основни права. Како што истражував, во мојот извештај до Генералното собрание на ОН за информираната согласност и правото на здравје, прекршувањата на правото на приватност и физичкиот интегритет се појавуваат во многу различни установи. На пациентите и на здравствените работници им е потребна поддршка за да ги спречат, идентификуваат и да бараат надомест на штета за кршењето на  човековите права во здравствените установи, особено во случаи во кои нееднак-  вата моќ создадена од силната доверба и нееднаквото ниво на знаење и искуство, својствени за односот лекар – пациент, која уште повеќе е потенцирана од  припадноста на ранливите групи, предодредена од фактори како класа, пол, етничка припадност и други социоекономски фактори.

Иако постојат голем број публикации за принципите на човековите права, мно- гу малку од нив се однесуваат на примената на принципите на човековите права во постојните здравствени системи. Во тој контекст, овој прирачник ја пополнува празнината која се чувствуваше долго време. Иако поединечните состојби кои детално се опишани се од повеќе држави во Југоисточна Европа и од Азија, овој прирачник е корисен и надвор од тој контекст, во меѓународни рамки. Се надевам дека овој прирачник ќе успее да го поттикне воспоставувањето, но и имплементирањето на заштитните механизми и законски мерки кои се однесуваат на повредите на правото сторени во здравствените установи. Овој прирачник не само што ќе им помогне на давателите на услуги во здравствената заштита, на правниците и на здравствените активисти да ги применат нормите на човекови- те права во практиката туку, во крајна линија, ќе им помогне и на заедниците да ја подигнат свеста, да се мобилизираат и да ги бараат правата кои им припаѓаат. Авторите имаа огромна улога во промовирањето на на правото на здравје и и неговото   спроведување  во  системот.   Тие   го   заслужуваат  целото  признание   за преземањето на оваа напорна работа. Исто така, треба да се искаже благодар- ност и до Институтот отворено општество за финансирањето и реализацијата на оваа исклучително значајна активност. Воопшто не се сомневам дека овој при- рачник ќе го зголеми почитувањето на улогата на човековите права при давањето квалитетни здравствени услуги во здравствените установи и дека ќе се покаже како непроценлив извор за оние што работат на остварувањето на правото на здравје.


  Ананд Гровер, специјален известувач на ОН, Мумбаи,

            јануари 2010 година


 


Благодарност


Овој прирачник е производ на заедничките напори на голем број посветени луѓе и организации. Идејата за овој прирачник произлезе од искрени мотиви и уверувања дека со препознавањето на класичната позиција (зависна и пасивна) и со менувањето (во партиципативна и активна) на позицијата на пациентите во однос на здравствените работници, како и промовирањето на човековите права во здравствената заштита и медицината ќе се овозможи должното почитување на достоинството и на пациентите и на здравствените работници.

Меѓу организациите што го поддржаа овој проект се Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), Иницијативата право и здравство на здравствената  програма  на  Институтот отворено општество  (ЛАХИ)  и  програмата  на ОСИ за грантови за човековите права и владеење (ХРГГП). Голема благодарност им искажуваме на поединци од овие организации кои најдиректно беа вклучени: Славица Инџевска и Сузана Велковска (ФИООМ) и Тамар Езер и Џонатан Коен (ЛАХИ),  кои,  покрај надзорната улога  што  ја  имаа,  се  коавтори  на  поглавјата за  меѓународни  и  регионални  процедури и  со  Џудит Оверал  се  коавтори  на воведот; Пол Силва (службеник за комуникации на ОСИ), за неговите совети и координација околу дизајнот на прирачникот, како и на Џин Крискола, техничкиот дизајнер на прирачникот.

Особена благодарност изразуваме на Јан Бирн, постар адвокат во ИНТЕРАЈТС, за  неговото  авторство  на меѓународната  и  на  регионалната  рамка  за  човековите права во здравствената заштита и за коавторството на поимникот заедно со Џудит Оверал, како и на Естер Чернуш за уредничките забелешки на националните  поглавја.  Исто  така,  ја  изразуваме  нашата  благодарност  и  на  Сара Абиола за лекторско-коректурното уредување на поглавјата за меѓународни и за регио  нални процедури. Особена благодарност сакаме да изразиме на Јасминка Фришчиќ  (Организација  за  еманципација,  солидарност  и еднаквост  –  ЕСЕ), Георги  Димитров  (адвокат,  адвокатска  канцеларија  „Димитров“),  граѓанските организации  Хелсиншки  комитет  за  човековите  права  Македонија,  Х.Е.Р.А.  и „Месечина“  –  Гостивар, како  и  на  Филип  Геровски  за  финалното  уредување  и ажурирање на цитираната регулатива во прирачникот.

На крајот, овој прирачник немаше да постои без ентузијазмот и личната посветеност на Џудит Оверал, консултант на ОСИ.

Голема  благодарност  изразуваме  и  на  сите  други  што  дадоа  свој  придонес  во изработката и објавувањето на овој прирачник.

Вовед

 

1.1. Цел на прирачникот

Овој прирачник е дел од серија прирачници објавени во соработка со иницијативата за право и за здравство на програмата за јавно здравство на Институт отворено општество, програмата за човекови права и владеење и националните фондации „Сорос“ во Ерменија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Македонија, Молдавија и во Украина. Дизајниран како практичен водач, овој прирачник има цел да овозможи пошироко разбирање за употребата на правните инструменти во заштитата на основните права во процесот на здравствена заштита. ПОВЕЌЕ...

1.2. Преглед на прирачникот

Во второто и во третото поглавје се обработени меѓународните одредби, односно одредбите од меѓународните прописи во регионот на Европа кои се однесуваат на човековите права во здравствената заштита. Во нив се поместени и „тврди“ и „меки“ одредби, односно правно обврзувачките и необврзувачките одредби, а дадени се и случаи од практиката и толкувања на одредбите. Овие две поглавја имаат идентична структура во однос на правата што се однесуваат на пациентите и на здравствените работници. ПОВЕЌЕ...

 

 


Цел на прирачникот


Овој прирачник е дел од серија прирачници објавени во соработка со иницијативата за право и за здравство на програмата за јавно здравство на Институт отворено општество, програмата за човекови права и владеење и националните фондации „Сорос“ во Ерменија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Македонија, Молдавија и во Украина. Дизајниран како практичен водач, овој прирачник има цел да овозможи пошироко разбирање за употребата на правните инструменти во заштитата на основните права во процесот на здравствена заштита. Прирачникот дава систематски преглед на постојните уставни одредби, закони, правилници и други акти што се однесуваат на пациентите или на здравствените работници, категоризирани како право или обврска. Заради подобра илустрација и практичност, прирачникот дава хипотетички примери и вистински случаи од правната практика, како и случаи од работењето на невладиниот сектор.

Целта на овој прирачник е да го истакне постоењето на расположивите правни инструменти што може да се употребат при повреда на правата во здравствената заштита. Со соодветна примена, постојната регулатива дава можност за адресирање на повредите на правата на информирана согласност, доверливост, приватност, недискриминација и други. Бидејќи ова може да се постигне со примена на формалните механизми, овој прирачник дава осврт на правната материја и на различните начини за разрешување на споровите – со надеж дека ќе биде корисен референтен материјал за правниците и за другите професионални групи што работат во сферата на здравствената заштита.

Во овој прирачник е користен концептот на човековите права во здравствената заштита, во кој се опфатени правата и на пациентите и на здравствените работници. Концептот на човековите права во здравствената заштита се однесува на примената на основните начела и принципи на човековите права еднакво за сите засегнати страни во процесот на обезбедување здравствена заштита. Овие основни начела и принципи се регулирани според меѓународни конвенции и повелби, како на пример, Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права, Меѓународниот пакт за економските, социјалните и културните права и европската Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи. Овие права се универзални и може да се применат во сферата на здравствената заштита.

Преглед на прирачникот

 

Во второто и во третото поглавје се обработени меѓународните одредби, односно одредбите од меѓународните прописи во регионот на Европа кои се однесуваат на човековите права во здравствената заштита. Во нив се поместени и „тврди“ и „меки“ одредби, односно правно обврзувачките и необврзувачките одредби, а дадени се и случаи од практиката и толкувања на одредбите. Овие две поглавја имаат идентична структура во однос на правата што се однесуваат на пациентите и на здравствените работници. Тоа се право на слобода и безбедност на личноста; право на приватност; право на информација; право на телесен интегритет; право на живот; право на највисок можен стандард на здравје; право на слобода од тортура, сурово, нечовечно и понижувачко постапување; право на учество во јавната политика и право на недискриминација и еднаквост за пациентите, односно право на слобода на здружување, право на праведно судење и право на работа во соодветни услови за здравствените работници. Четвртото поглавје дава информации за меѓународните процедури за заштита на овие права.

Петтото, шестото, седмото и осмото поглавје се специфични за секоја земја. Во петтото поглавје се наброени важните меѓународни документи ратификувани од страна на Република Македонија и е даден краток опис на правниот и на здравствениот систем во државата. Во шестото поглавје се обработени правата и обврските на пациентите. Делот што се однесува на правата на пациентите е организиран врз основа на правата содржани во Европската повелба за пра вата на пациентите, но ги содржи и сите права што не се споменати во Европската повелба, а се регулирани со домашната регулатива. Европската повелба за правата на пациентите, која е изработена во 2002 година од страна на Мрежата за активно граѓанство (европска мрежа на граѓански организации на потрошувачи и на пациенти), не претставува правно обврзувачки документ, но е општо прифатен како најјасна и најсеопфатна презентација на правата на пациентите. Оваа повелба прави обид за систематизирање на правата утврдени со меѓународните документи во 14 конкретни права на пациентите: право на превентивни мерки, право на пристап, право на информираност, право на информирана согласност, право на слободен избор, право на приватност и доверливост, право на почитување на времето на пациентот, право на примена на стандардите за квалитет, право на безбедност, право на иновативност, право на избегнување непотребно страдање и болка, право на персонализирано лекување, право на жалба и право на надомест. Овие права се користени како појдовна точка за следење и за оценување на здравствените системи во Европа и како модел за изработка на некои национални закони1. Оттука, шестото поглавје ги користи правата набројани во Европската повелба за правата на пациентите како организациски принцип, но во рамките на секое обработено право се дадени и анализирани правно обврзувачките одредби на националното законодавство. Овие права потоа се поврзани со поширокиот контекст на меѓународните акти кои се однесуваат на тоа право. Седмото поглавје се фокусира на правата и на обврските на здравствените работници, меѓу кои се обработени правото на слобода на здружување, правото на праведен процес, правото на работа во соодветни услови и други права специфични за секоја земја.

Осмото поглавје ги покрива процедуралните механизми за остварување на правата на пациентите и на здравствените работници. Поглавјето е составено од дел кој се однесува на меѓународните и на регионалните механизми и од дел кој се однесува на националните механизми и процедури. Делот што ги обработува механизмите на националната регулатива дава осврт на кривичната, граѓанската и на управната постапка, како и на алтернативните механизми, како на пример, јавен обвинител, народен правобранител, Министерство за внатрешни работи, етички комисии и здравствени инспекторати. Како прилог на крајот на при рачникот се дадени постојни формулари или други документи кои се корисни за работата на секој правник.

Последниот дел на прирачникот претставува поимник на термини од областа на човековите права во здравствената заштита, во кој, покрај меѓународниот поимник, се дадени и дефиниции на поимите што се користат во домашната регулатива, односно во законите што ја регулираат оваа област или се важни за неа. Поимникот има цел да овозможи поголема достапност на материјалите од сферата на правото, здравјето и човековите права.

Употреба на прирачникот

Прирачникот е дизајниран како референтен материјал за практична примена и обука. Прирачникот може да биде особено корисен во програмите за практична правна обука (стажирање). Иако е дизајниран за правници, тој, исто така, е наменет и за здравствени работници, раководители во здравството, службеници во министерствата за здравство и за правда, групи кои ги застапуваат правата на пациентите и самите пациенти, особено тие што сакаат да го продлабочат своето разбирање на правната основа за правата и обврските на пациентите и на здравствените работници, односно на расположивите механизми за нивно остварување.

Придружни електронски ресурси (веб-локации)

Материјата што се однесува на човековите права во здравствената заштита постојано се менува и развива, па се наметнува потреба од постојано и редовно обновување на содржините на прирачникот. Поради тоа, електронските верзии на прирачникот ќе бидат обновувани периодично и поставувани на меѓународната веб­локација: http://www.healthrights.info/, односно на националната веблокација: http://www. healthrights.mk.  Оваа меѓународна веб­локација води и до националните веб­локации за правата на пациентите на кои се поставени и други референтни и корисни документи, изработени од страна на националните работни групи што работеа на подготовката на овој прирачник. Тука припаѓаат сите важни закони и подзаконски акти, примери и случаи, корисни алатки и формулари, како и практични совети за правници. Веб­локацијата, исто така, дава можност за поврзување на правниците, здравствените работници и пациентите кои се заинтересирани за проблематиката на човековите права во здравствената заштита.  Секоја од веб­локациите овозможува и механизам преку кој може да се дојде до повратна информација за прирачникот.

Од авторите

Со материјалот во овој прирачник се претставени видувањата на интердисциплинарна работна група која е составена од правници и од здравствени работници. Овој прирачник нема законска или правно обврзувачка сила, ниту претставува замена за правен совет од квалификуван правник или адвокат. Овој прирачник претставува обид на авторите да дадат пресек на постојната законска регулатива и механизми, односно правна практика во областа на човековите права во здравствената заштита во Република Македонија. Авторите однапред се заблагодаруваат за сите коментари, укажувања на можни грешки, превиди и предложени дополнувања на прирачникот, како и за прашањата во врска со примената на легислативата во одредени ситуации.

Како што илустрира овој прирачник, во нашата држава човековите права во областа на здравствената заштита се релативно нова материја која е во развој. Повеќето од одредбите цитирани во овој прирачник не се толкувани од страна на судовите, а тие што се толкувани, сe уште остануваат отворени за дополнителна примена и толкување. Сe уште нема доволно информации за тоа како човековите права во здравствената заштита се применуваат во практика. Оттука, овој прирачник е почетна точка за правно размислување, а не конечен одговор. Се надеваме дека овој прирачник ќе привлече и ќе заинтересира нови кадри во областа на човековите права во здравствената заштита и дека идните изданија ќе бидат уште побогати во оценувањето на правната заштита.



1 За повеќе информации во врска со Европската повелба за правата на пациентите види Поглавје 3.

Предговор кон македонското издание

 

Човековите права во здравствената заштита е правна област која во Република Македонија  е  соодветно обработена  и  во  националното  законодавство  и  со ратификуваните  и  потпишани  меѓународни инструменти.  Уште  од  осамостојувањето, правото на здравје и обврската за грижа за сопственото и здравјето на другите е инкорпорирано во Уставот на РМ и во позитивните прописи, а оттогаш и  развиено со  права  и  обврски,  како  на  пациентите  така  и  на  здравствените работници и здравствените установи.

Примената на овие прописи и реализацијата на правата и обврските во здравствената заштита се комплексни процеси, кои вклучуваат многу субјекти и фактори. Во последните децении на глобално ниво е променет ставот во однос на релациите  меѓу  пациентот  и  здравствениот  работник  односно здравствената установа;  некогашниот  патерналистички  пристап  полека  се  заменува  со  поактивна улога  на  пациентот  во  донесувањето  одлуки  за  неговото  здравје,  за  најсоодветните и целисходни услуги со минимизирање на ризиците по здравјето и животот. Ова бара поголема здравствена едукација на пациентите, но и поголема информираност  за  правата  и  обврските  како  на  пациентите,  така  и  на здравствените работници.

Медицинскиот факултет – Скопје и Центарот за регионални истражувања и соработка  “Студиорум”  со финансиска  и  техничка  помош  од  Фондацијата  Институт Отворено  Општество  Македонија,  и експертизата  на  повеќе  академски  професори и практичари, го изработи овој Прирачник, во кој се обработени меѓу на-родната и регионалната правна рамка кои се правно обврзувачки за Република Македонија, како и националното законодавство во оваа сфера. Во Прирачникот се  поместени  и  голем број  хипотетички  примери  и  случаи  од  праксата,  со  кои авторите се обидоа да ја илустрираат примената или кршењето на правата како на пациентите, така и на здравствените работници, односно правната материја да ја преведат на јазикот на секојдневието, со намера да ги отсликаат постоечките релации меѓу правото и здравствената заштита.

Преку користењето на хипотетички примери и примери од практиката на НВО, авторите  се  обидоа  да  укажат  дека  системското  следење  и  евидентирање  на правната практика во областа на заштита на правата на пациентите е неопходно и претставува значаен извор на сознанија во функција на унапредување на законодавството и неговата примена во оваа област, како и дека соработката со НВО треба да се интензивира на соодветен начин за да се одговори на комплексните барања на практиката на реализација на правото на здравје во Република Македонија. Во оваа смисла, нагласена е и улогата на Народниот правобранител кој многу придонесе во подготовката на овој прирачник, како практична алатка во реализацијата правото на здравје.

Овој Прирачник е работен во временски пресек до 31 март 2010 година. Сите законски и подзаконски измени, како и другите новитети во применетите политики во  здравствената  заштита,  кои  директно или индиректно  влијаат  на  правата  и обврските  на  пациентите  и  здравствените  работници,  ќе  бидат објавувани  во посебни дополнувања на Прирачникот, како и на веб страницата поставена за оваа цел1.

Надежта на авторите, на издавачите и поддржувачите, и на сите кои дадоа свој придонес  во  изработката на  овој  Прирачник  е  дека  истиот  ќе  биде  корисно четиво за правниците, здравствените работници, менаџерите во здравствените установи и другите практичари кои во својата секојдневна работа се среќаваат со оваа проблематика.

Од авторите

 

 


1 Веб страницата е достапна преку следниот линк: http://www.healthrights.mk

Кратенки

 

БПО 
ЕАЈЗ 
ЕКСП 
ЕКЧП 
ЕСП 
ЕСЧП 
ЕУ
ЗБЗР 
ЗБПО 
ЗБСК 
ЗЗЗ 
ЗЗЛП 
ЗЗНЗБ 
ЗЗПП 
ЗЗП 
ЗЗО 
ЗЛМП 
ЗМЗ 
ЗОУП 
ЗРО 
КСТ 
МОТ 
НП  
ОН  
ООН
ОПМ  
СЗО  
ФЗОМ  
ХИВ  
ХКМ
Биомедицинско потпомогнато оплодување
Европска алијанса за јавно здравје
Европски комитет за социјални права
Европска конвенција за човековите права
Европска социјална повелба
Европски суд за човекови права
Европска унија
Закон за безбедност и здравје при работа
Закон за биомедицинско потпомогнато оплодување
Закон за безбедност во снабдувањето со крв
Закон за здравствена заштита
Закон за заштита на лични податоци
Закон за заштита на населението од заразни болести
Закон за заштита на правата на пациентите
Закон за заштита од пушењето
Закон за здравствено осигурување
Закон за лековите и медицинските помагала
Закон за ментално здравје
Закон за општата управна постапка
Закон за работните односи
Комитет за спречување тортура
Меѓународна организација на трудот
Народен правобранител
Обединети Нации
Организација на Обединетите Нации
Организација на потрошувачите на Македонија
Светска здравствена организација
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Хуман инумодефициентен вирус
Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија

 

Вовед


Во ова поглавје се претставени главните норми што ги штитат човековите права во здравствената заштита на меѓународно ниво и се дава преглед на тоа како телата што вршат надгледување на Обединетите нации (ОН) ги толкуваат овие норми. Ова поглавје е поделено на два дела. Во првиот дел се разгледуваат правата на пациентите, додека вториот дел се фокусира на правата на давателите на услуги. Секој дел вклучува и посебен дел кој ги објаснува важните норми поврзани со соодветното право (на пример, правото на слобода и безбедност на личноста), а, исто така, дава и неколку примери за потенцијални прекршувања на правото. Нормите вклучуваат обврзувачки договори, како Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права и необврзувачки политики донесени од страна на ОН и невладините организации, како Декларацијата за правата на пациентите донесена од страна на Светската лекарска асоцијација.

Главни извори

 

Овој дел содржи преглед на релевантните правни инструменти, вклучително и договорите на ОН и расположливите механизми за следење на усогласеноста на државата со секој од нив. Исто така, содржи примери за инструменти издадени од ОН и други тела кои не се законски обврзувачки. Важно е да се истакне дека во овој дел, Универзалната декларација за човекови права[1] се разгледува одделно од останатите инструменти заради нејзиниот уникатен и повеќезначен- но сепак важен—правен карактер.

УНИВЕРЗАЛНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Иако не е договор, Универзалната декларација за човекови права (УДЧП)[2] има извршено големо влијание. Таа беше усвоена од Генералното собрание на ОН во 1948 и послужи како основа за модерното право за човекови права. Повеќето нејзини одредби се ефективно преточени во договорите за човекови права и домашното право, додека пак некои тврдат[3] дека таа го има постигнато статусот на обичајно меѓународно право—што значи дека нејзините одредби се утврдена пракса во државата и прифатени се од државите како обврски, што ги прави универзални стандарди и законски обврзувачки за државите.[4]

За разлика од договорите на ОН кои се дискутираат подолу,  УДЧП сама по себе не се спроведува преку некое конкретно тело кое ја следи усогласеноста на државата во постапувањето.

ДОГОВОРИ НА ОН И ТЕЛА ЗА МОНИТОРИНГ НА ДОГОВОРИТЕ

Моментално постојат осум клучни меѓународни договори за човекови права кои содржат гаранции кои се однесуваат на заштитата на човековите права при грижата за пациентите. Повеќето од тие договори имаат дополнителни факултативни протоколи на кои се упатува во овој водич, но сепак тие не се детално разработени. Иако овие договори се обврзувачки само за државите кои ги имаат ратификувано, нивните стандарди имаат силно морално и политичко влијание дури и за државите кои ги немаат ратификувано. За секој од тие договори постои комитет кој е одговорен да врши мониторинг на усогласеноста на постапувањето на државата со договорот. На нив се упатува како на „тела за мониторинг на договорите” или „тела за договорите.”

Телата за мониторинг на договорите на ОН ја следат усогласеноста во постапувањето на државата со соодветните договори преку примена на комбинација од три типа на механизми. Прво, тие издаваат документи со кои се толкува содржината на договорите. Иако не се законски обврзувачки, тие документи со толкувања даваат насоки за државите во однос на тоа како да ја толкуваат и спроведат содржината на правата кои се содржани во договорот. Овие документи за толкувања се познати како „Општи коментари,” со исклучок на оние кои ги издава Комитетот за елиминација на дискриминацијата врз жените и Комитетот за елиминација на расната дискриминација, на кои се упатува како на „Општи препораки.” Второ, телата за мониторинг на договорите ја оценуваат усогласеноста во постапувањето на државите со релевантните договори врз основа на извештаи кои државите членки треба редовно да ги поднесуваат. Како дел од овој процес, тие го издаваат она што е познато како „Завршни забелешки.” Конечно, осум[5] од десетте клучни тела за мониторинг на договорите моментално примаат и разгледуваат поединечни комуникации. Преку таа комуникација, поединци или групи на поединци може да поднесат наводи за повреда на човековите права од страна на државите кои го имаат ратификувано инструментот (на пр: факултативни протоколи кон договорите) со што се создава механизмот за индивидуални приговори. По разгледувањето на комуникацијата, телата за мониторинг на договорите издаваат препораки на државата чие постапување се оспорува. Тие препораки не се законски обврзувачки, но може да извршат влијание.

Телата за мониторинг на договорите, исто така нудат разни начини за учество на граѓанското општество. Конкретните функции, информации за контакт и начини на кои граѓанското општество може да учествува се разгледуваат за секое од тие тела во Поглавје 4.

За брзо упатување на читателите, подолу се наведени скратениците за договорите и телата за мониторинг на договорите кои ќе се користат во ова поглавје:

Договори

  • МПГПП - Меѓународен пакт за граѓански и политички права
  • МПЕСКП - Меѓународен пакт за економски, социјални и културни права
  • КПТ/Конвенција за тортура – Конвенција против тортура и други форми на сурово, нечовечно и деградирачко постапување или казнување
  • ЦЕДАВ - Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените
  • МКЕРД – Меѓународна конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација
  • КПД - Конвенција за правата на детето
  • МКПЛП – Меѓународна конвенција за правата на лицата со попреченост
  • МКМР - Меѓународна конвенција за заштита на правата на сите работници мигранти и членовите на нивните семејства

Тела за мониторинг на договорите

  • КГПП - Комитет за човекови права
  • КЕСКП - Комитет за економски, социјални и културни права
  • КПТ Комитет - Комитет против тортура
  • ЦЕДАВ Комитет - Комитет за елиминација на дискриминацијата врз жените
  • КЕРД - Комитет за елиминација на расната дискриминација
  • КПД Комитет - Комитет за правата на детето
  • КПЛП - Комитет за правата на лицата со попреченост
  • КМР - Комитет за мигранти работници


СИСТЕМОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И ГРИЖАТА ЗА ПАЦИЕНТОТ: РЕЛЕВАНТНИ КЛУЧНИ ДОГОВОРИ И ТЕЛА ЗА МОНИТОРИНГ НА ДОГОВОРИТЕ

(Табела)


РЕЛЕВАНТНИ КЛУЧНИ ДОГОВОРИ НА ОН И ТЕЛА ЗА МОНИТОРИНГ НА ДОГОВОРИТЕ И СИСТЕМИТЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАИ ОД ДРЖАВИТЕ И ИНДИВИДУАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

 

ДОГОВОР

ТЕЛО ЗА МОНИТОРИНГ

ИЗВЕШТАЈ ОД ДРЖАВАТА

ИНДИВИДУАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

Меѓународен пакт за граѓански и политички права (МПГПП)[6]

Комитет за човекови права (КГПП)

 

Секои 4 години

За државите кои го имаат ратификувано првиот факултативен протокол кон МПГПП

Меѓународен пакт за економски, социјални и културни права(МПЕСКП)[7]

Комитет за економски, социјални и културни права (КЕСКП)

Секои 5 години

За државите кои го имаат ратификувано факултативниот протокол

Конвенција против тортура и други форми на сурово, нечовечно или деградирачко постапување или казнување(КПТ/Конвенција против тортура)[8]

Комитет против тортура (КПТ Комитет)

Секои 4 години

За државите кои ја имаат признаено надлежноста на КПТ Комитетот согласно на член 21 од КПТ

Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените(ЦЕДАВ)[9]

Комитет за елиминација на дискриминацијата врз жените(ЦЕДАВ Комитет)

По потреба, но најмалку секои 4 години

За државите кои го имаат ратификувано факултативниот протокол

Меѓународна конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација(МКЕРД)[10]

Комитет за елиминација на расната дискриминација (КЕРД)

Секои 2 години

За државите кои ја имаат признаено надлежноста на КЕРД Комитетот согласно на Член 14 од КЕРД

Конвенција за правата на детето (КПД)[11]

Комитет за правата на детето (КПД Комитет)

Секои 5 години

За државите кои го имаат ратификувано факултативниот протокол

Меѓународна конвенција за правата на лицата со попреченост (МКПЛП)[12]

Комитет за правата на лицата со попреченост (КПЛП)

Секои 4 години

За државите кои го имаат ратификувано факултативниот протокол

Меѓународна конвенција за заштита на правата на сите работници мигранти и членовите на нивните семејства (МКМР)[13]

Комитет за мигранти работници (КМР)

Секои 5 години

Со Член 77 од МКМР се создава овој механизам откако 10 држави ќе ги дадат потребните декларации. 

Покрај извештаите на државата и индивидуалната комуникација, воспоставени се и други механизми за мониторинг:

Процедури за меѓудржавни приговори. Тоа овозможува на телото за договорот да ги разгледува приговорите кои ги има поднесено државата со наводи за повреда на човековите права во друга држава. До сега, оваа процедура не била применета.

  • Тела за мониторинг на договорите кои ја имаат оваа надлежност: КГПП, КЕСКП, КЕРД, КПТ Комитет, КПД Комитет, КМР, КПЛП

Истраги. Тоа им овозможува на телата за договорите да започнуваат истраги за системски или тешки повреди на човековите права во земјата.

  • Тела за мониторинг на договорите кои ја имаат оваа надлежност: КЕСКП, ЦЕДАВ Комитет, КПТ Комитет, КПД Комитет, КПЛП

Процедура за рано предупредување. На овој начин, на телото за договорот му се овозможува да усвои мерки за превенција од ескалација на одредени ситуации во конфликт или прашања за кои е потребно итно да се посвети внимание.

  • Тело за мониторинг на договорот со оваа надлежност:  КЕРД

За овие процедури може да бидат потребни дополнителни декларации и ратификација пред да стапат во сила и нема детално да бидат разгледани овде. За повеќе информации за овие процедури, види поглавје 4 (Меѓународни и регионални процедури).

ИНСТРУМЕНТИ КОИ НЕ СЕ ЗАКОНСКИ ОБВРЗУВАЧКИ

Постојат одреден број на инструменти, кои и покрај тоа што немаат законски обврзувачки карактер како договорите, сепак за нив е постигнат консензус на меѓународен план и помагаат да се протолкува содржината на правата на пациентите. Всушност, некои од нив се усвоени од групи на граѓанското општество, како што се професионални асоцијации и невладини организации. Подолу се дадени неколку примери.

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

Корпус на принципи за заштита на сите лица кои се во некаква форма на притвор или затвор[14]

4Овие принципи даваат насоки за постапувањето и за правата на лицата кои се во некаква форма на притвор или затвор, вклучително и правото да не бидат изложени на медицински или научни експерименти кои се на штета на здравјето на поединецот, дури и со негова/нејзина согласност.

Декларација од Алма-Ата[15]

Со оваа декларација „се потврдува дека здравјето е состојба на целосна физичка, ментална и социјална добросостојба, а не само отсуство на болест или слабост, и тоа е основно човеково право” (Член 1). Фокусот е ставен на важноста на примарната здравствена заштита.

Декларација за елиминација на насилство врз жените[16]

Оваа декларација ја потврдува обврзаноста на државата да се спречи насилството врз жените и да се заштитат нивните права, вклучително нивното право на живот, на слобода и на безбедност на личноста, да бидат слободни од сите форми на дискриминација, право на највисокиот достапен стандард на физичко и ментално здравје и слобода од тортура или друго сурово, нечовечно или деградирачко постапување или казнување.

Начела од Лимбург за имплементација на Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права[17]

Изработени од група на меѓународни правни експерти, овие принципи го определуваат опсегот и карактерот на обврските на државите кои ја имаат ратификувано МПЕСКП. Тие се издадени како официјален документ на ОН и се признаени во работата на КЕСКП при толкувањето на обврските на државата од овој пакт.

Упатства од Мастрихт за повреда на економските, социјалните и културните права[18]

Подготвени од меѓународни правни експерти, со овие упатства се одредува значењето и опсегот на повредата на економските, социјалните и културните права. Тие сметаат дека пропустот на државата да ја обезбеди примарната заштита претставува повреда, и ги повикуваат меѓународните тела да усвојат нови стандарди за бројот на права, вклучително и за правото на здравје. Тие се издадени како официјален документ на ОН.

Принципи за медицинска етика кои се релевантни за улогата на здравствениот кадар, особено за лекарите, во заштитата на затворениците и притворениците од тортура и друго сурово, нечовечно или деградирачко постапување или казнување[19]

Овие принципи даваат краток преглед на задолженијата на давателите на здравствени услуги за затворениците и притворениците, вклучително и за заштита на нивното ментално и физичко здравје на ист начин како што тие би го заштитиле здравјето на лице кое не е  во затвор или притвор. Исто така, тие треба да се воздржуваат од поттикнување или од обид да се изврши тортура или друго сурово, нечовечно или деградирачко постапување или казнување.

Принципи за заштита на лицата со ментални заболувања и подобрување на здравствената заштита за менталното здравје[20]

Со овие принципи се дефинираат правата на лицата со ментална попреченост во контекст на здравствената заштита. Тука се опфатени прашања на дадена согласност на основ на информираност, доверливост, стандард на грижа и лекување. Исто така, со нив се опфатени правата на оние кои се сместени во институции за ментална попреченост.

Принципи од Сиракуза за ограничување и дерогација на одредбите во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права[21]

Овие принципи одиграа важна улога во оценувањето на мерките со кои се ограничуваат човековите права кои се гарантирани со МПГПП. Со нив се бара дека секоја мерка која ќе ја преземе владата, а со која се ограничуваат човековите права според МПГПП да биде: 1) законски пропишана и согласно на  закон, (2) во интерес на легитимна цел, (3) строго неопходна во демократско општество за да се постигне целта, (4) најмалку рестриктивни и интрузивни достапни средства, и (5) непроизволна, неразумна или дискримирачка.

Стандардни минимални правила за постапување со затвореници[22]

Овој инструмент дава преглед на модел на систем за казнени институции во смила на она што е генерално прифатено како добар принцип и пракса во постапувањето со затворениците и раководењето со институциите.

(Генерално собрание на ОН) Комитет за социјални, хуманитарни и културни прашања (Трет комитет) Нацрт резолуции

Третиот комитет има задача да ја унапреди агендата на Генералното собрание за социјални, хуманитарни и човекови права на разни начини, вклучително и дискусија и подготовка на нацрт резолуции кои треба да се разгледаат во текот на пленарните седници на Генералното собрание.

Резолуции на Советот за човекови права на ОН

Како помошен орган на Генералното собрание кое е одговорно за заштита и унапредување на сите човекови права, Советот за човекови права издава препораки за земјите членки на Он во форма на резолуции.

ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Декларација од Лисабон за правата на пациентите (СМА)[23]

Оваа декларација дава преглед на правата на пациентите кои лекарите треба да ги признаваат и поддржуваат, и се опфатени прашања како што се правата на доверливост, информации и согласност базирана на претходна информираност. 

Декларација на здравствена заштита каде пациентот има централно место (Меѓународна алијанса на организации на пациенти (МАОП))[24]

Со оваа декларација се унапредува вклученоста на пациентите во здравствената заштита преку само-управување, придржување до лекувањето и промена во однесувањето за да се направи системот да биде поисплатлив и да се подобрат здравствените резултати кај пациентите.

Декларација од Џакарта за унапредување на здравјето во 21 век[25]

Оваа декларација претставува конечен документ кој произлезе од Четвртата меѓународна конференција за унапредување на здравјето. Таа содржи серија на приоритети за унапредување на здравјето во дваесет и првиот век, вклучително и социјална одговорност, зголемени инвестиции и обезбедена инфраструктура и зајакнување на поединецот.

Принципи од Мастрихт за екстратериторијални обврски на државите во областа на економските, социјалните и културните права[26]

Овие принципи се фокусираат на екстратериторијалните обврски на државите да обезбедат уживање на економските, социјалните и културните права, вклучително и правото на здравје.

Изјава за ставови: Медицинските сестри и човековите права 1998, Меѓународен совет на медицински сестри (МСМС)[27]

МСМС го усвои овој документ со кој здравствената заштита се признава како право на сите поединци - вклучително и правото да се одбере или одбие здравствена заштита, кои ги опфаќаат правата на прифаќање или одбивање на лекување или исхрана; согласност заснована на претходна информираност; доверливост; и достоинство, вклучително и право да се умре на достоинствен начин.  МСМС ги опфаќа како правата на пациентите, така и на давателите на здравствена заштита и прави преглед на обврските на медицинските сестри за заштита на правата на пациентите.



[1] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генерално собрание на Обединетите нации  217A (III): Универзална декларација за човекови права (УДЧП). UN Doc. A/810 at 71. 12  декември, 1948.

[2] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генерално собрание на Обединетите нации  217A (III): Универзална декларација за човекови права (УДЧП). UN Doc. A/810 at 71. 12  декември, 1948.

[3] Види Louis Henkin, The Age of Rights. New York: Columbia Press, 1990. стр. 19; Christina M. Cerna. Universality of human rights and cultural diversity: implementation of human rights in different socio-cultural contexts.” 16 Hum. Rts. Q. 740. 1994. стр. 745.

[4] Hurst Hannum. „Статусот на Универзалната декларација за човекови права во националното и меѓународното право.” 25 Ga. J. Int'l & Comстр. L. 287. 1995-1996. стр. 319.

[5] Комитет за човекови права [КГПП], Комитет за елиминација на расната дискриминација[КЕРД], Комитет против тортура [КПТ Комитет], Комитет за елиминација на дискриминацијата врз жените [ЦЕДАВ Комитет], Комитет за права на детето [КПД Комитет], Комитет за правата на лицата со попреченост [КПЛП], Комитет за присилни исчезнувања [КПИ], и Комитет за економски, социјални и културни права [КЕСКП].

[6] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генерално собрание на Обединетите нации  2200A [XX1]: Меѓународен пакт за граѓански и политички права (МПГПП). UN Doc. A/6316.  16 декември 1966.

[7] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генерално собрание на Обединетите нации 2200A[XXI]: Меѓународен пакт за економски, социјални и културни права (МПЕСКП). UN Doc. A/6316.  16 декември 1966.

[8] Генерално собрание на Обединетите нации.  Резолуција на Генерално собрание на Обединетите нации 39/46: Конвенција против тортура и друго сурово, нечовечно и деградирачко постапување или казнување (КПТ). UN Doc. A/39/51.  10 декември 1984.

[9] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генерално собрание на Обединетите нации  34/180: Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ). UN Doc. A/34/46.  18  декември 1979.

[10] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации 2106 [XX]: Меѓународна конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација (МКЕРД). UN Doc. A/6014.  21 декември 1965.

[11] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации 44/25: Конвенција за правата на детето (КПД). UN Doc. A/44/49.  20 ноември 1989.

[12] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации 61/106: Меѓународна конвенција за правата на лицата со попреченост (МКПЛП). UN Doc. A/61/49.  13 декември 2006.

[13] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации 45/158: Меѓународна конвенција за заштита на правата на сите работници мигранти и членовите на нивните семејства. UN Doc. A/45/49.  18  декември 1990.

[14] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации 43/173: Корпус на принципи за заштита на сите лица во некаква форма на притвор или затвор. UN Doc. A/RES/43/173.  9 декември 1998.

[15] Меѓународна конференција за примарна здравствена заштита. Декларација од Алма-Ата.  6 септември 1978.

[16] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации 48/104: Декларација за елиминација на насилство врз жените. UN Doc. A/48/49.  20 декември 1993.

[17] Комисија за човекови права на Обединетите нации. Принципи од Лимбург за имплементација на Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права. UN Doc. E/CN.4/1987/17.  8  јануари 1987.

[18] Упатства од Мастрихт за повреда на економските, социјалните и културните права.  22-26 јануари 1997.

[19] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генерално собрание на ОН 37/194: Принципи на медицинска етика кои се релевантни за здравствениот кадар, особено за лекарите во заштитата на затворениците и притворениците од тортура и друго сурово, нечовечно или деградирачко постапување или казнување UN Doc. A/37/51.  18 декември 1982.

[20] Генерално собрание на Обединетите нации. Резолуција на Генерално собраниена ОН 46/119: Принципи за заштита на лицата со ментални заболувања и подобрување на здравствената заштита за менталното здравје.  17 декември 1991.

[21] Комисија за човекови права на Обединетите нации. Принципи од Сиракуза за одредбите за ограничување и дерогација во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права. UN Doc. E/CN.4/1985/4.  28 септември 1984.

[22] Обединети нации. Резолуција на Економскиот и социјалниот совет 663 C (XXIV): Стандардни минимални правила за постапување со затвореници.  30 август  1955.

[23] СМА. Декларација за правата на пациентот. Септември/октомври 1981.

[24] Меѓународна алијанса на организации на пациенти[ МАОП]. Декларација за здравствена заштита каде пациентот има централно место. Февруари 2006.

[25] СЗО. Деларација од Џакарта за унапредување на здравјето во 21 век. 21–25 јули  1997.

[26] Принципи од Мастрихт за екстратериторијалните обврски на државите во областите на економските, социјалните и културните права.  28 септември  2011.

[27] Меѓународен совет на медицински сестри. Изјава за став: Медицинските сестри и човековите права. 1998.


 

Права на пациентите

 

Во овој дел се разгледува меѓународната заштита на десет клучни права на пациентите:

Како што се истакнува во КГПП,  иако во Член 9 е втемелено „правото на слобода и безбедност на личноста,” правото на слобода е одделно од правото на безбедност на личноста. Од таа причина, тие се разгледуваат одделно во ова поглавје.[1]

Документите за толкување на телата за мониторинг на договорите имаат важна улога во областа на правата на пациентите. Поконкретно, КЕСКП го дава најзначајниот меѓународен правен коментар за правата на пациентите. Толкувањето на правото на највисок достапен стандард на здравје (Член 12 од МПЕСКП) во Општиот коментар 14[2] изврши големо влијание, покрај тоа што нема законски обврзувачки карактер. Покрај тоа, КЕСКП често го критикува пропустот на владите да посветат адекватни ресурси за здравствената заштита и за услугите за пациентите.

Други тела за мониторинг на договорите на ОН, исто така имаат дадено важни коментари за правата на пациентите. КГПП често ги цитира Член 9 (право на слобода и безбедност на личноста) и 10 (право на лицето кое е лишено од слобода со него да се постапува на човечки и достоинствен начин) од МПГПП за да се осуди незаконскиот притвор на пациенти со ментални нарушувања и одрекувањето на медицинското лекување на притворениците. Исто така, ја има поддржано потребата да се заштитат доверливите медицински информации според Член 17 (право на приватност) од МПГПП  и го има користено Член 6 (право на живот) од МПГПП  за обезбедување на медицинско лекување  во текот на притвор пред судење. Покрај тоа, како што е детално наведено подолу, телата за мониторинг на договорите кои вршат мониторинг на расната и сексуалната дискриминација го имаат разгледувано еднаквиот пристап до здравствена заштита.

Дополнително, други меѓународни стандарди, како што се Стандардните минимални правила за постапување со затвореници, можат да дадат значајни упатувања во однос на правата на пациентите. Иако овие стандарди не може директно да се применат против државите, пациентите и нивните застапници можат да ги користат за да вршат притисок врз владите и да влијаат на судското и друго владино толкување на одредбите од договорите.

Важно е да се напомене дека, како и во овој текст, дека механизмот за индивидуална комуникација на КЕСКП беше неодамна воспоставен. Претходното отсуство на механизам за приговори за КЕСКП ја спечуваше способноста на телото да разгледува конкретни повреди на МПЕСКП вон системските пропусти кои биле идентификувани во извештаите на земјите. Воведувањето на овој механизам треба да обезбеди можност за КЕСКП да ја отсликува работата на своето сестринско тело - КГПП, во развојот на значајна судска пракса за човековите права во грижата за пациентите.



 

1 [1] КГПП. Нацрт КГПП Општ коментар бр: 35 за Член 9: Слобода и безбедност на личноста. UN Doc. CCPR/C/107/R.3.  28 јануари 2013. параг. 8.

2 [1] КЕСКП. КЕСКП Општ коментар бр:. 14: Право на највисок достапен стандард на здравје. UN Doc. E/C.12/2000/4. 11 август, 2000.

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE