4 Ноември – Светски ден против дијабет

Извор: Институт за јавно здравје на Р. Македонија - 14.11.2017

На Светскиот ден на дијабетес 2017, СЗО им се придружува на партнерите од целиот свет за да се потенцира правото на жените за здрава иднина. Околу 8% од жените – или 205 милиони жени – живеат со дијабетес во светот, повеќе од половина во Југоисточна Азија и во западниот Пацифик.

25-40 милиони луѓе во Европа заболени од дијабет.  Во Централна и Источна Европа како и во Западна Европа морталитетот од дијабет покажува стабилни трендови или трендови на намалување, за разлика од некои земји каде постои тренд на пораст кој се должи на високата преваленца на надхранетост.

Главни ризик фактори се:

  • Зголемена телесна тежина;

  • Прекумерно консумирање на храна со висок % на маснотии;

  • Прекумерно консумирање на алкохол;

  • Пушење;

  • Генетска предиспонираност (дијабет во фамилијарна анамнеза);

Во текот на бременоста, гликозата во крвта значително го зголемува ризикот за здравјето и за мајката и за детето, како и за ризикот од дијабетес за детето во иднина. Речиси половина од жените кои умираат во земји со ниски примања поради високи нивоа на гликоза во крвта умираат прерано, пред 70-годишна возраст.Дијабетесот е главна причина за слепило, откажување на бубрезите, срцев удар, мозочен удар и ампутација на долните екстремитети.

Во Република Македонија согласно добиените податоци од Центрите за јавно здравје во Институтот за јавно здравје, во 2016 година регистрирана е инциденца(број на новорегистрирани случаи) од 261,3%ооо или 5410 случаи од кои 2473 се мажи и 2937 се жени. Прилог табела 1.

Табела 1.

Во вкупно новорегистрираните случаи, 5357 се случаи од дијабет тип 2, со стапка од 258,8 на 100000 жители од кои 2902 се жени со стапка од 280,9%ооо. Може да се констатира дека  и во Република Македонија како и во светот во одделни земји,  жените почесто заболуваат од дијабет од колку мажите што значи дека идните политики во превенцијата на оваа заболување треба да се во согласност со препораките на СЗО презентирани по повод денешниот ден кога се обележува светскиот ден на дијабет.

Најчестата  дијагноза пријавена од страна на одговорните здравствени установи според МКБ-10 е инсулин независен дијабет без компликации, при што 2438 случаи или 235,1%ооо се мажи ,  додека 2882 или 279,6 %ооо се жени.   Прилог табела 2.

Табела 2.

ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Стратешките политики на Република Македонија за контрола на дијабетот се во согласност со препораките на Светската здравствена организација,  како и „движењето Сент Винсент“ кои имаат за цел да го унифицираат пристапот во справувањето со оваа болест и се состојат во следното: како главни компоненти се самогрижата, поддршката од заедницата и постоење на национални сеопфатни програми,  поголема свесност на општата јавност и здравствените професионалци што ќе се постигне со континуирана обука на општите лекари и медицинските сестри за начинот на кој треба да ги едуцираат пациентите и нивните семејства како да ги користат основните техники на самогрижа, лекувањето треба да се заснива на докази, при што ќе се постигне вешто и ефективно справување со компликациите кои се честа појава кај пациентите со дијабет.Основно е човекот да ја прифати болеста и да се бори против неа.

ПРЕПОРАКИ

Обезбедувањето акции е дел од препораките на Глобалниот извештај на СЗО за дијабетес, кој започна во 2016 година. Основан во 1991 година од страна на Меѓународната федерација на дијабетичари со поддршка од СЗО како одговор на растечката загриженост за ескалацијата на заканата по здравјето од дијабетес, Светскиот ден на дијабетот стана официјален ден на ОН во 2006 година. Светската кампања за дијабетес во 2017 година промовира прифатлив и правичен пристап за сите жени со дијабетес или изложени на ризик од дијабетес на основните лекови и технологии, образование за самогрижа  и информации што им се потребни за да се постигнат оптимални резултати од дијабетес и да се зајакне нивниот капацитет за спречување на дијабетес тип 2. Здравата исхрана, физичката активност и одбегнувањето на употребата на тутун може да го спречат или одложат тип 2 дијабетес. Освен тоа, дијабетисот може да се лекува и неговите последици се избегнуваат или се одложуваат со лекови, редовен скрининг и лекување на компликации.

Се препорачува строго придржување на 5 златни правила:

  • Уравнотежена исхрана – богата со овошје и зеленчук;

  • Физичка активност – прилагодена на сопствените можности и способности;

  • Лична едукација за шеќерната болест;

  • Самоконтрола на шеќерот во крвта;

  • Употреба на лекарства за намалување на шеќерот во крвта според советите на лекарот.

По повод Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември 2017 година, Институтот за јавно здравје на Република Македонија ја изготви програмската задача – Регистар за шеќерна болест 2016,  во која се наоѓаат податоците за инциденца и преваленца на болеста во Република Македонија.

ПРЕВЗЕМИ  – Регистар за шеќерна болест 2016

Подготвиле:

Центар за статистичка обработка на здравствени податоци, публицистика и едукација

Сектор за промоција, анализи и следење на незаразни болести

 

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE