ФЗОМ предлага мерки за унапредување на трансплантацијата на органи во РМ

21.05.2012 година

Според ФЗОМ трансплантацијата на органи во Македонија треба да се издигне на ниво на основен национален приоритет, да се обезбеди целосна поддршка и залагање на секоја клетка на општеството за етаблирање на донаторството, пресадување на органи и спасување на животи како највисока хумана вредност.

Во наредниот период ќе се подготвува програмата за трансплантација, активности за обезбедување медицински тимови и нивна едукација во центрите за трансплантација во Хрватска, назначување на национален координатор за трансплантација и да се оформување на мрежа на болнички трансплантациски координатори.

Во наредниот период ќе се спроведуваат промотивните активности за трансплантација од страна на ФЗОМ предвидени во акциониот план.

Во современите услови на живеење и постојаниот технолошки развој на човекот, пресадувањето органи е успешна метода за лекување на болни кај кои има целосно и неповратно оштетување на функцијата на органите, како што се бубрези, срце, црни дробови, панкреас, бели дробови. Успешно трансплантираните органи, дури и кога не се од витална важност, како што е бубрегот, го подобрува квалитетот на живот на примателот.

Во Македонија има 1.400 терминално бубрежно болни (пациенти кои немаат бубрежна функција), а повеќе од 200 пациенти имаат пресаден бубрег.

Од бубрежна болест во светот моментално се заболени 500 милиони луѓе, односно секој десетти возрасен човек има некое бубрежно заболување. Околу 1,5 милиони луѓе живеат со помош на вештачко надокнадување на бубрежната функција. Во светот во просек се чека околу седум години за пресадување на бубрег.

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE