Право на мирно решавање на спор

Печати

 

Правото како што гласи во националното законодавство

Законот за безбедност и здравје при работа овозможува посредување, a „за  прекршоците од членот 58 на овој закон, државните инспектори можат на сторителот на прекршокот да му понудат посредување и постигнување согласност со која сторителот на прекршокот треба да ги отстрани последиците од прекршокот“  (член 55, став 1).  

Законот за мирно решавање на работни спорови дефинира и регулира колективни и индивидуални работни спорови. Според членот 2, став 1, „како колективен работен спор, во смисла на овој закон, се смета спор по повод склучување, измена, дополнување или примена на колективен договор, остварување на правата на синдикално организирање и штрајк“.

„Како индивидуален работен спор, во смисла на овој закон, се смета спор по повод откажување договор за вработување и неисплата на најниската плата“ (член  3, став 1).

Со Законот за медијација  се определуваат начелата на медијацијата, поимот  за медијатор, постапката за медијација и организацијата на медијаторите.

Одредбите од овој закон ја уредуваат медијацијата во граѓански, трговски, работни, потрошувачки и во други спорни, односи меѓу физички и правни лица, со кои страните слободно можат да располагаат со своите барања, во согласност со закон, освен кога со закон не е пропишано поинаку.

Одредбите од овој закон се применуваат и во семејни и во кривични спорови доколку медијацијата одговара на природата на спорните односи и со посебен закон не е исклучена нејзината примена.

Медијацијата се води врз основа на договор постигнат меѓу страните пред или по почнувањето на судскиот спор, со или без упатување на судот или друг орган, освен кога со закон не е предвидена исклучива надлежност на суд или друг орган.

Во споровите од ставот 2 и од ставот 3 на овој член ќе се применуваат правилата и начелата дефинирани во овој закон, освен ако страните не се договорат поинаку (член 1).

Етички кодекси

Во соодветните етички кодекси нема одредби кои директно се однесуваат на ова  право.

Закон за мирно решавање на работни спорови

 

1 Закон за мирно решавање на работните спорови, Службен Весник бр. 87/2007.pdf
2 Закон за изменување и дополнување на Законот за мирно решавање на работните спорови, Службен весник бр. 27/2014.pdf
3

Исправка на законот за изменување и дополнување на законот за мирно решавање на работните спорови, Службен весник бр. 102/2014.pdf

4

Закон за изменување и дополнување на Законот за мирно решавање на работните спорови, Службен весник бр. 30/2016.pdf

 

Закон за медијација

1 Закон за медијација, Службен весник бр. 188/2013.pdf
2

Закон за изменување и дополнување на Законот за медијација, Службен весник бр. 148/2015.pdf

3

Закон за изменување и дополнување на Законот за медијација, Службен весник бр. 192/2015.pdf

4

Закон за дополнување на Законот за медијација, Службен весник бр. 55/2016.pdf

 
1 Закон за медијација, Службен весник бр. 60/2006 (вон сила).pdf
2 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 117/2006 (вон сила).docx
3 Закон за измена на Законот за медијација, Службен весник бр. 22/2007 (вон сила).pdf
4 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 34-2007 (вон сила).docx
5 Закон за измена и дополнување на Законот за медијација, Службен весник бр. 114/2009 (вон сила).pdf
6 Пречистен текст на Законот за медијација, Службен весник бр. 138/2009 (вон сила).pdf

 

Закон за безбедност и здравје при работа

1

Закон за безбедност и здравје, Службен весник бр. 92/2007.pdf

2

Одлука на Уставен суд, У. бр. 255-2009.pdf

3

Одлука на Уставен суд, У.бр.160-2010.pdf

4

Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје, Службен весник бр. 136/2011.pdf

5

Одлука на Уставен суд, У. бр. 213-2011.pdf

6

Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр.23-2013.pdf

7

Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр.25-2013.pdf

 8

Закон за дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр. 137/2013.pdf

9

Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен Весник бр. 164-2013.pdf

10

Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр. 158/2014.pdf

11

Закон за дополнување на законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр. 15/2015.pdf

12

Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр. 129/2015.pdf

13

Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр. 30/2016.pdf

 

Закон за заштита на правата на пациентите

1

Закон за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 82/2008

2

Закон за изменување  на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 12/2009

3

Закон за изменување  на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 53/2011

4

Закон за изменување и дополнување на законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 150/2015.pdf

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE