Право на работа во соодветни услови

Печати

 

Правото како што гласи во националното законодавство

Правото на работа во соодветни услови е регулирано како обврска на работодавецот за обезбедување безбедни работни услови во согласност со Законот за работни односи , односно „работодавецот мора да обезбеди услови за безбедност  на животот и здравјето на работниците во согласност со посебните прописи за заштита при работата“ (член 42), како и со други прописи.

Законот за безбедност и здравје при работа ги утврдува мерките за безбедност и здравје при работа, обврските на работодавецот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа, како и превентивните мерки за професионалните ризици, отстранувањето на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука на работниците и нивните  претставници и нивно учество во планирањето и преземањето мерки за безбедност и здравје при работа.

Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност ги уредува стандардите за посебна заштита (на работа) на здравствените работници што работат со извори на јонизирачки зрачења, како и одредби за заштита на нивните права од работниот однос во специфичните услови во кои работат.

Колективниот  договор  за  здравство  во  Република  Македонија  регулира повеќе права од областа на заштитата на работниците (член 25): „На работникот кој работи во особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи, а чие штетно влијание врз неговото здравје, односно работната способност не може во целост да се отстрани со заштитни мерки, работното време му се скратува сразмерно на штетното влијание врз неговото здравје, односно работна способност, но не пократко од 30 часа во работната недела.

Како особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи се сметаат: јонизирачки  зрачења, работа со болни од заразни болести и со заразни материјали, работа на хируршки интервенции во операциски сали, работа во психијатријата, работа со лица со најтешки пречки во психофизичкиот развој, работа во судска медицина и патолошка анатомија.

Одобрение за работа со скратено работно време за работите од ставот 2 на овој член  дава  орган  на  државната  управа  надлежен  за  работи  во  областа  здравството,  по  претходно  прибавено  мислење  од  органот  на  медицина  на  трудот  и  мислење на репрезентативниот синдикат. Работното време од став еден од овој  член се смета како полно работно време“.

„Работодавецот е должен според научните методи и современи достигнувања да  го уреди со општ акт и да го организира процесот на трудот на начин на кој се обезбедува сигурност при работата и заштита на здравјето на вработените, односно да создава услови за работа и да ги презема пропишаните мерки и нормативи и други општо признати мерки за заштита при работа со кои се обезбедува психофизичкото здравје и личната безбедност на работниците“ (член 40).

„Работникот има право да одбие да работи ако му се заканува непосредна опасност по животот или здравјето, ако не се спроведени пропишаните мерки за заштита при работа“ (член 43), односно „работодавецот е должен работата на работникот да ја приспособи со работното место, со средствата за работа, со работните и технолошките постапки и намалување на штетното влијание на здравјето на работниците, да обезбеди редовни систематски прегледи на работниците кои  работат под посебни услови и кои доаѓаат во контакт со пациенти, токсични материи и други супстанции штетни по здравјето и прехранбени производи“ (член 44).

Дополнителни прописи

Законот за здравствена заштита, преку Правилникот за поблиски просторни услови, опрема и кадри (минимални стандарди) за основање и работење на здравствените  организации,  посредно врши  заштита  на  работата  на  здравствените работници, определувајќи ги минималните услови во однос на просторот и опремата потребни за работа на здравствените организации.

Етички кодекси

Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија (член  12) и Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија на Стоматолошката комора на Република Македонија (член 13) го регулираат ова прашање, имено: „лекарите имаат право и должност, преку своите стручни и други организации, да се изборат за соодветно вреднување на својата работа и да  
бидат заштитени од професионални ризици“.

Закон за работни односи

1

Закон за работни односи, Службен весник бр. 62/2005.pdf

2

Одлука на Уставен Суд, У. бр. 161-2005.docx

3

Одлука на Уставен Суд, .У бр. 139-2005.docx

4

Одлука на Уставен Суд, У. бр. 134-2005.docx

5

Одлука на Уставен Суд, У. бр. 187-2005.docx

6

Одлука на Уставен Суд, У. бр. 111-2006.docx

7

Одлука на Уставен Суд У. бр. 188-2006.docx

8

Одлука на Уставен Суд, У. бр. 170-2006.docx

9

Закон за измена и дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 106/2008.pdf

10

Закон за измена и дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 161/2008.pdf

11

Одлука на Уставен Суд, У. бр. 200-2008.docx

12

Закон за дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 114/2009.pdf

13

Закон за измена и дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 130/2009.pdf

14

Исправка на измена и дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 149/2009.pdf

15

Одлука на Уставен Суд, У. бр. 20-2009.docx

16

Пречистен текст на Закон за работни односи, Службен весник бр. 16/2010.pdf

17

Закон за измена на Закон за работни односи, Службен весник бр. 50/2010.pdf

18

Одлука на Уставен Суд, У. бр. 176-2009.docx

19

Закон за дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 52/2010.pdf

20

Закон за измена и дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 124/2010.pdf

21

Одлука на Уставен Суд, У. бр. 263-2009.docx

22

Пречистен текст на Закон за работни односи, Службен весник бр. 158/2010.pdf

23

Закон за дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 47/2011.pdf

 

Закон за безбедност и здравје при работа

1

Закон за безбедност и здравје при работа, Службен Весник бр. 92/2007.pdf

2

Одлука на Уставен Суд, У. бр. 255-2009.docx

3

Закон за измена и дополнување на Закон за безбедност и здравје при работа, Службен Весник бр. 136/2011.pdf

 

Колективен договор за здравствена дејност

Колективен договор за здравствена дејност во РМ, Службен Весник бр. 60/2006.pdf

 

Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност

1

Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Службен Весник бр. 48/2002.pdf

2

Закон за измена и дополнување на Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Службен Весник бр. 135/2007.pdf

3

Пречистен текст на Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Службен Весник бр. 154/2010.pdf

4

Закон за измена и дополнување на Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Службен Весник бр. 53/2011.pdf

 

Правилник за поблиски просторни услови, опрема и кадри за основање и работење на здравствените организации

Правилник за поблиски просторни услови, опрема и кадри за основање и работење на здравствените организации, Службен Весник бр. 11/1992.pdf

 

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2012. ESE Joomla 1.7 templates.