Обврска за еднаков третман кон сите и недискриминација

Печати

 

Обврската како што гласи во националното законодавство

Во Законот за заштита на правата на пациентите, клаузулата за недискриминација го дефинира правото на пациентот да добие здравствена заштита „без дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање, сексуална ориентација или кој и да е друг статус (член 5, став 2). Почитувањето на ова право е обврска и на здравствената установа и на целиот персонал. А таа нивна обврска произлегува и од членот 32, став 4, од истиот закон.

Законот за ментално здравје  ги заштитува пациентите на тој начин што во членот 7, став 2, пропишува дека лицето со ментална болест „...не смее да биде дискриминирано поради состојбата со неговото ментално здравје“. Секако, ова претставува обврска и на здравствените установи и на нивниот персонал.

Со овој закон и со Законот за ментално здравје се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување на пациентот; вршење научни истражувања на пациенти и вклучување пациент во медицинска настава без изречна согласност на пациентот; преземање зафати на човечкиот геном за други освен превентивни, дијагностички и терапевтски цели и без соодветно генетско советување; дискриминација на пациентот; преземање медицински интервенции без согласност на пациентот, родителот или неговиот законски застапник, освен во случај кога таквите медицински интервенции се неопходни за да се спречи смрт или влошување на здравствената состојба на пациентот  (член 32, ставови 1­8, односно член 20, точка а)­ѓ)).

Дополнителни прописи

Со Законот за ментално здравје, исто така, се забранува преземање медицински и хируршки зафати, како и електроконвулзивна терапија без согласност на лицето со ментална болест или неговиот законски застапник, освен во случај кога таквите зафати и терапии се неопходни за да се спречи смрт или влошување на здравствената состојба на лицето со ментална болест (член 20).

Етички кодекси

Во согласност со Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија, Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија на Стоматолошката комора на Република Македонија односно Кодексот на професионални етички должности и права на фармацевтите на Македонија, лекарот, докторот стоматолог или фармацевтот кога е во улога на вешто лице, без оглед на личниот или друг однос кон странките, при истражувањето треба да биде непристрасен и чесен (член 97, член 70, односно член 56).  

Дополнителни важни информации

Со посебна глава се уредни третманот и рехабилитацијата на осудени и притворени лица со ментална болест. Овие лица имаат право на лекување и  чување во здравствена установа додека не престане потребата од нивно натамошно лекување и чување, што се утврдува според закон ако за време  на издржувањето на казната ќе заболат од ментална болест или покажуваат  тешка психичка растроеност утврдена од лекар ­ специјалист по психијатрија.  
Ова право го остваруваат врз основа на упатување од надлежниот орган за извршување на санкциите (член 31). Исто така, осудено лице со ментална  болест може да бара психијатриски лекарски преглед на свој трошок доколку таков преглед не определи лекарот на установата во која ја извршува казната (член 32, став 1).
Здравствената установа, исто така, е должна да дава правни совети и правна помош на лицата со ментална болест во однос на остварувањето и заштитата на нивните права (член 25).

 

Закон за здравствена заштита

1

Закон за здравствена заштита, Службен весник бр. 43/2012 (во сила).pdf

2 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 145/2012 (во сила).pdf
3 Одлука на Уставен суд, У.бр. 59-2012.pdf
 4 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 87-2013.pdf
 5 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен Весник бр. 164-2013.pdf
6

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 39-2014.pdf

7

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 43-2014.pdf

 8

Одлука на Уставен суд, Службен весник бр. 101-2014.pdf

9

Закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 132/2014.pdf

 10

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 188/2014.pdf

11

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 10/2015.pdf

12

Закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 61/2015.pdf

13

Закон за изменување и дополнување на законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 154/2015.pdf

14

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр.  17/2016.pdf

15

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 37/2016.pdf

 

Закон за заштита на правата на пациентите

1

Закон за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 82/2008.pdf

2

Закон за изменување  на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 12/2009.pdf

3

Закон за изменување  на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 53/2011.pdf

 4

Закон за изменување и дополнување на законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 150/2015.pdf

 

Закон за ментално здравје

1

Закон за ментално здравје, Службен весник бр. 71/2006.pdf
2 Закон за изменување и дополнување на законот за ментално здравје, Службен весник бр. 150/2015.pdf

 

Кодекс на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонијa.pdf

 

Кодекс на професионални етички должности и права на фармацевтите на Македонија.pdf

 

Кодекс на стоматолошката етика и деонтологијa.pdf

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE