Обврска за почитување на личноста и достоинството на пациентот

Печати

 

Обврската како што гласи во националното законодавство

Со Законот за заштита на правата на пациентите е регулирана и обврската на здравствените работници да ги почитуваат личноста и достоинството на секој пациент.

Со Законот за заштита на правата на пациентите е регулирана и обврската за доверливост (тајност) на личните и на медицинските податоци, кои мора да се чуваат во тајност и по смртта на пациентот, во согласност со прописите за заштита на личните податоци.  

Исклучок  постои,  односно  податоците  за  пациентот  може  да  бидат  откриени само ако пациентот даде писмена согласност; се неопходни за медицинска интервенција на пациентот во друга установа; се неопходни за обработка пропишана со закон, од страна на здравствена установа која обезбедува здравствени услуги на пациентот; се искористат во историски, научни, истражувачки или едукативни цели, под услов идентитетот на пациентот да не може да се открие, и тоа е во согласност со друг закон заради заштита на животите, безбедноста или здравјето на други лица.

Откривањето на податоците, во согласност со Законот, може да се врши само на начин и до степен до кој се остварува целта на откривањето на информацијата и се заштитува во најголема можна мера тајноста на податоците.  

Лицата што ќе дојдат до овие податоци се должни да ги чуваат во согласност со прописите за чување професионална и деловна тајна, како и за заштита на личните податоци.

Човечките супстанции од кои може да се идентификува пациентот мора да се чуваат во тајност, во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

За да се обезбеди соодветна заштита, личните податоци на пациентите се обработуваат во согласност со прописите од областа на заштитата на личните податоци (член 25, ставови 1, 2, 3, 4, 5 и 8).

Исто така, во согласност со истиот закон, „личноста и достоинството на секој пациент  мора  да  се  почитува“  (член  5,  став  4),  односно  здравствената  установа има обврска да овозможи лична сигурност за пациентот за време на престојот во здравствената установа (член 33).

Во контекст на почитувањето на личноста и достоинството на пациентите е и забраната искажана во членот 32, став 1, која гласи: „Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“.

Иста забрана е предвидена и во Законот за ментално здравје113 во членот 20, став 1.

Во оваа насока се и одредбите што ги уредуваат условите под кои пациентот може да биде вклучен во научни истражувања, настава итн.

Дополнителни прописи


Со Законот за ментално здравје е уредена обврската личноста, достоинството  и приватноста на секое лице со ментална болест да се почитува, како и правото на заштита од каков било облик на малтретирање, понижување и злоупотребување и не  смее  да  биде  дискриминирано  поради  состојбата  со  неговото  ментално здравје (член 7).

Почитувањето на ова право претставува обврска и на здравствените работници.
„Здравствената установа за време на престојот на лице со ментална болест, во  согласност со истиот закон, е должна да му ги обезбеди следниве права:
­- да биде сместено во одвоени простории од лице од различен пол;
­- малолетно лице да биде сместено одвоено од полнолетно лице;
­- да  поседува  предмети  за  лична  употреба  за  облекување,  обезбедување  на лична хигиена, како и за други лични и неопходни потреби во согласност со состојбата на неговото ментално  здравје;
­- да учествува по свој избор во верски активности во рамки на можностите на здравствената установа“ (член 14).

Со Законот за безбедност во снабдувањето со крв е уредена заштитата и тајноста на сите лични, медицински и генетички податоци за дарителот на крв содржани во медицинското досие. Податоците и документите, во согласност со законот, претставуваат класифицирана информација и се чуваат во согласност со прописите за заштита на класифицирани информации и лични податоци (член 17).

На пристапот кон медицинското досие, на обезбедувањето доверливост на личните, медицинските и генетичките податоци, како и нивното откривање, установата за трансфузиска медицина е должна да ги применува прописите за заштита на правата на пациентите, за класифицирани информации и за заштита на личните податоци (член 17, став 3).

Во  согласност  со  Законот  за  прекинување  на  бременоста,  здравствениот работник има должност за почитување на достоинството на бремената жена (член 4).

Етички кодекси

Во насока на почитување на достоинството на пациентот е и обврската за чување на професионалната тајна. Види Обврска эа доверливост и чување професионална тајна.

Закон за заштита на правата на пациентите

1

Закон за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 82/2008.pdf

2

Закон за изменување  на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 12/2009.pdf

3

Закон за изменување  на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 53/2011.pdf

4

Закон за изменување и дополнување на законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 150/2015.pdf

 

Закон за ментално здравје

1

Закон за ментално здравје, Службен весник бр. 71/2006.pdf
2 Закон за изменување и дополнување на законот за ментално здравје, Службен весник бр. 150/2015.pdf

 

Закон за прекинување на бременоста

1

Закон за прекинување на бременоста, Службен весник бр. 87-2013.pdf (во сила)

2

Закон за изменување на Законот за прекинување на бременоста, Службен Весник бр.164-2013.pdf

3

Закон за изменување на Законот за прекинување на бременоста, Службен весник бр. 144/2014.pdf

4

Закон за изменување и дополнување на законот за прекинување на бременоста, Службен весник бр. 149/2015.pdf

 

Закон за безбедност во снабдување со крв

1

Закон за безбедност во снабдување со крв, Службен весник бр. 110/2007.pdf

2

Закон за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Службен Весник бр.164-2013.pdf

3

Закон за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Службен весник бр. 144/2014.pdf

4

Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Службен весник бр. 150/2015.pdf

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE