Обврска за укажување на итна медицинска помош и работа во вонредни услови

Печати

 

Обврската како што гласи во националното законодавство

Обврската за укажување итна медицинска помош е уредена со членот 46 од Законот за здравствена заштита, каде што се вели дека:
„Здравствената организација во рамките на нејзината дејност е должна да укажува здравствена заштита на лице кое ќе побара здравствена заштита.  

Здравствената организација е должна да обезбеди континуирана медицинска помош во текот на 24 часа, да има лекови и санитетски материјални средства за укажување итна медицинска помош .  

Здравствената организација која укажала итна медицинска помош е должна на осигуреникот кој има потреба да се упати во друга здравствена установа да му организира соодветен превоз и медицинско згрижување до приемот во здравствената установа во која се упатува.  

За итна медицинска помош однапред не се бара здравствена легитимација и упат“.

Членот 95­д од истиот закон вели дека „Центарот за итна медицинска помош организира и спроведува мерки и презема дејства за спроведување на краткотрајна здравствена   заштита   на   луѓето   во   ургентна   здравствена   состојба   (болест, повредување  со  ризик  за  здравјето  и  животот)  од  местото  на  настанување  на ургентната здравствена состојба, со преземање на реанимациски мерки и интензивна  нега,  до  местото  на  стручно  надлежната  здравствена  установа  за згрижување и лечење.

Покрај работите од ставот 1 на овој член, Центарот може да организира вршење и на домашно лекување“.

Организацијата и начинот на укажување на здравствената заштита ја уредува здравствената установа со општ акт, во зависност од дејноста што ја врши (член 113).

Здравствените организации имаат обврска за укажување итна медицинска помош и за време на штрајк (член 171­б).

Со повеќе членови од истиот закон законодавецот го има уредено и укажувањето итна медицинска помош на странски државјани.

Укажувањето на здравствена заштита во вонредни услови, кризни состојби и во услови на штрајк е уредена со посебно поглавје во Законот за здравствена заштита     .

Во согласност со Законот за здравствена заштита, „Министерството за здравство во вонредни услови може да одлучува за формирање здравствени организации во согласност со потребите и условите и кризните состојби утврдени со закон. Министерството за здравство на здравствените организации и на здравствените работници може да им определи посебни задачи кои во редовни услови не се нивна дејност, односно задача“ (член 171).

Дополнителни прописи

Нема дополнителни прописи во овој домен.

Етички кодекси

Во согласност со Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија и Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија на  Стоматолошката  комора  на  Република  Македонија,  лекарот,  односно докторот ­ стоматолог не смее да ги остави своите пациенти во случај на општа опасност, освен по непосредна наредба (член 33). Лекарот, исто така, не смее  
да одбие итна медицинска помош, без соодветна на неговата стручна оспособеност, без оглед на тоа дали е на должност или не е и без оглед на тоа дали за помошта е замолен изрично. При епидемии, стихиски и други масовни катастрофи, лекарот треба да им дава примарно згрижување на најзагрозените (член 35, односно член 40). Опасноста за сопственото здравје или живот не може и не смее да го наведе лекарот да не ја изврши итната медицинска помош додека постои опасност за животот на болниот, односно додека не му се обезбеди натамошната нега и лекување, освен во случај на виша сила која непосредно го загрозува животот и здравјето на лекарот (член 36).

Во вонредни услови, во согласност со Кодексот, лекарот има посебни обврски и задолженија, односно посебна положба и одговорност (член 35).  

Во согласност со членот 36 од Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија, членот 42 од Кодексот на стоматолошката  етика и деонтологија на Стоматолошката комора на Република Македонија,  членот 38 од Кодексот на професионални етички должности и права на фармацевтите  на  Македонија  и  сообразно  начелата  за  безбедност  и  солидарност, лекарите, докторите стоматолози и фармацевтите, без оглед на нивното работното место и работна оспособеност, треба да бидат подготвени да се јават веднаш на работа во случај на вонредни околности, свесни за моралната и човечката одговорност.

 

Закон за здравствена заштита

1

Закон за здравствена заштита, Службен весник бр. 43/2012 (во сила).pdf

2 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 145/2012 (во сила).pdf
3 Одлука на Уставен суд, У.бр. 59-2012.pdf
4 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 87-2013.pdf
5 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен Весник бр. 164-2013.pdf
6

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 39-2014.pdf

7

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 43-2014.pdf

 8

Одлука на Уставен суд, Службен весник бр. 101-2014.pdf

9

Закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 132/2014.pdf

10

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 188/2014.pdf

11

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 10/2015.pdf

12

Закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 61/2015.pdf

13

Закон за изменување и дополнување на законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 154/2015.pdf

14

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр.  17/2016.pdf

15

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 37/2016.pdf

 

Кодекс на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија.pdf

 

Кодекс на стоматолошката етика и деонтологија.pdf

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE