Обврска за укажување на здравствена заштита

Печати

 

Обврската како што гласи во националното законодавство

Во Законот за здравствена заштита се содржани обврските на здравствената установа која „во рамките на нејзината дејност е должна да укажува здравствена заштита на лице кое ќе побара здравствена заштита; да обезбеди континуирана медицинска помош во текот на 24 часа и да има лекови и санитетски материјални  средства  за  укажување  на  итна  медицинска  помош;  ако  укажала итна медицинска помош, должна е на осигуреникот кој има потреба да се упати во друга здравствена установа да му организира соодветен превоз и медицинско згрижување до приемот во здравствената установа во која се упатува“ (член 46, став 1, став 2, и став 3). Овие обврски се неделиви од обврската на здравствениот работник да укажува здравствена заштита во рамките на здравствената установа во која работи.

Доколку корисникот побара болничка здравствена заштита, болницата „е должна да го прими корисникот на болничко лекување или да му обезбеди прием во друга установа, освен ако случајот не е итен или кога приемот по оцена на овластениот лекар не е потребен“ (член 47, став 1). Доколку болницата одбие да го прими лицето на болничко лекување, должна е да му даде писмено образложение за причините поради кои не е примен на болничко лекување (член 47, став 2).

Во Законот за здравствена заштита65 е содржана одредба (член 49, став 1) за обврската на здравствените работници да се грижат за корисниците на кои им се укажува здравствена заштита, да го почитуваат нивното достоинството, да се придржуваат кон медицинската етика и да ја чуваат професионалната тајна.  

Дополнителни прописи

Специфичните обврски/должности на здравствените работници се уредени и со Законот за заштита на правата на пациентите. „Со овој закон се уредуваат заштитата на правата на пациентите во користењето на здравствената заштита, должностите на здравствените установи и здравствените работници и соработници, општините и фондот за здравствено осигурување во унапредувањето  и заштитата на правата на пациентите, постапката за заштита на правата на пациентите, како и надзорот над спроведувањето на Законот“ (член 1).

Во согласност со Законот за заштита на правата на пациентите, во однос на укажувањето здравствена заштита, здравствените работници ги имаат следниве должности:  при преземањето на медицинските интервенции да се грижат за реализацијата на правата на пациентот пропишани со овој закон; да ја вршат совесно својата должност во согласност со правилата на медицинската етика, со единствена цел за заштита и унапредување на здравјето на пациентот; да дадат второ стручно мислење во случаите и под условите пропишани со членот 9, став 2, од овој закон; и да воспостават хумани (човечки) релации со пациентот, засновани врз етички и деонтолошки принципи (член 38, точка 1, 2, 4 и 11).

Во  согласност  со  Законот  за  ментално  здравје68,  „здравствената  установа  е  должна на лицата со ментална болест кои се сместени во неа да им обезбеди услови за остварување на правата уредени во овој закон“ (член 19).
Со Законот за ментално здравје е уредена обврската на здравствената установа, а со тоа индиректно и на здравствениот работник, да дава лекарска помош и здравствена заштита на лицата со ментална болест.  

„Здравствената установа е должна, по приемот и распоредувањето на лицето со ментална болест, да определи стручен тим за третман и рехабилитација на лицето со ментална болест.  

Стручниот тим од ставот 1 на овој член е должен да подготви поединечна програма за третман и рехабилитација во писмена форма за лицето со ментална болест. Програмата за третман од ставот 2 на овој член има цел да се подобри здравствениот статус на лицето со ментална болест најмалку до мера лицето да се оспособи за нега и третман во заедницата.  

Ако лицето од ставот 1 на овој член претходно било сместено во здравствена установа, претходното сместување не смее да претставува основа за донесување одлука за повторно сместување на лицето во здравствена установа.  

Во програмата задолжително треба да се предвидат контролни прегледи најмалку на период од еден месец заради утврдување на состојбата со ментално здравје на лицето“ (член 23).

Етички кодекси

Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија  ги дава уводната одредба и општите одредби за обврските и должностите на докторите (член 1­3), а подетално обврските и односот кон болниот се уредени во посебно поглавје (член 19­32).

„Лекарот е обврзан својата професија да ја извршува совесно, прецизно и одговорно,  без  оглед  на  возраста,  полот,  верата,  националноста,  расата,  политичката  припадност,  сексуалната  наклоност,  хендикепираноста  и  општествено - економската положба и неговиот личен однос кон болниот и неговото семејство. Лекарот доследно води сметка за достигања на медицинската наука и за начелата на стручното однесување и при тоа слободно ги избира методот и начинот на лекувањето. Кога решава за начинот на лекувањето, должен е да се потпира врз своето знаење и совест, а при тоа да биде независен од разни влијанија или од несоодветни желби на пациентите, неговите роднини и друго.  

Лекарот е должен да одбие извршување работи и зафати кои според неговото стручно убедување и совест би можеле да бидат неетички или штетни за болниот“ (член 19).

Исто така, „лекарот има обврска да му помага на болниот во остварувањето на здравствените и на социјалните права, но не смее да се согласи со злоупотреби, со измами, со лажни потврди и со фалсификувани документи“ (член 32).

Во  согласност  со Кодексот  на  професионални  етички  должности  и  права  на фармацевтите на Македонија, „на фармацевтот основно водило ­ начело е грижата за здравјето и благосостојбата на болниот и општеството“ (член 34). „Фармацевтот внимава на достоинството и честа на својот позив, не учествува во никаква активност која би ја ставила професијата на лош глас и објективно би ги довело во прашање етичките норми во струката“ (член 35, став 1).  

Дополнителни важни информации

Законот за здравствена заштита72 во членовите 8; 113; 115а; 115б; 138­ 153; 153а­153л; 154­156; 159; 171а; 171б; 173 ги дефинира условите што мора да ги исполнат здравствените работници и здравствените установи за  вршење  на  здравствената  дејност.  Здравствена  дејност  можат  да  вршат само здравствени работници и здравствени соработници кои ги исполнуваат условите утврдени со овој закон (член 8). Здравствената организација, во зависност од дејноста што ја врши, е должна со општ акт особено да ги уреди следниве прашања: организацијата и начинот  на  укажување  итна  медицинска  помош,  начинот  на  користење  и одржување на медицинската опрема, нега на болните и домашно лекување, начинот  и  постапката  за  прием  на  корисниците  при  давање  примарна, специјалистичко ­ консултативна и болничка здравствена заштита, начинот и  содржината на спроведувањето на внатрешниот надзор над стручната работа над здравствените работници и здравствените соработници и видот и начинот на користење на работната и заштитната облека на здравствените и други работници (член 113).

Здравствените работници ­ специјалисти вработени во здравствена установа што вршат специјалистичко ­ консултативна и болничка здравствена заштита со над седум години работно искуство во специјалноста можат да даваат здравствени услуги како дополнителна дејност во согласност со лиценцата за работа во установата каде што се вработени или во друга здравствена установа која е регистрирана за истата дејност, најмногу осум часа неделно. Критериумите во однос на исполнување на обврските на работното место на здравствените работници од став 1 на овој член и начинот на вршењето на дополнителната дејност ги пропишува министерот за здравство (член 115­а). Односите меѓу лицето од став 1 на овој член и здравствената установа во  која ќе укажува здравствени услуги како дополнителна дејност се уредуваат со договор. Здравствен работник вработен во јавна здравствена установа може да дава здравствени услуги во друга јавна здравствена установа која е регистрирана за истата дејност врз основа на склучен договор меѓу јавната здравствена установа во која е вработен и јавната здравствена установа во која ќе укажува здравствени услуги (член 115–б). Заради унапредување и подобрување на квалитетот на стручната работа, остварување на стручно ­ медицинската доктрина, оценување дали стручната  работа  се  врши  во  согласност со медицинските и други науки, како и условите и начинот на давање на здравствената заштита во здравствените организации и други организации кои, во согласност со овој закон, спроведуваат здравствена заштита и во самостојни ординации, со увид во стручната работа, се врши надзор над стручната работа на здравствените работници и здравствените соработници, ефикасноста и рационалноста на здравствената заштита и водењето на медицинската и друга документација и евиденција. Здравствените работници и здравствените соработници се одговорни за својата стручна работа (член 159).
Прегледот на умрените го вршат овластени лица и нивните заменици, кои ги имeнува Министерството за здравство. За преглед на умрени лица се именуваат здравствени работници со завршен медицински факултет, а по исклучок може да се именуваат и други здравствени работници, односно други лица оспособени  за  тоа. Овластениот  здравствен  работник  не  може  да  изврши преглед на умрено лице кое го лекувал непосредно пред смртта (член 173).

Закон за здравствена заштита

1

Закон за здравствена заштита, Службен весник бр. 43/2012 (во сила).pdf
2 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 145/2012 (во сила).pdf
3 Одлука на Уставен суд, У.бр. 59-2012.pdf
4 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 87-2013.pdf
5 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен Весник бр. 164-2013.pdf
6

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 39-2014.pdf

 7

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 43-2014.pdf

8

Одлука на Уставен суд, Службен весник бр. 101-2014.pdf

9

Закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 132/2014.pdf

10

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 188/2014.pdf

11

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 10/2015.pdf

12

Закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 61/2015.pdf

13 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 154/2015.pdf
14 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 192/2015.pdf
15
16
17

 

Закон за заштита на правата на пациентите

1

Закон за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 82/2008.pdf

2

Закон за изменување  на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 12/2009.pdf

3

Закон за изменување  на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 53/2011.pdf

4

Закон за изменување и дополнување на законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 150/2015.pdf

 

Закон за ментално здравје

1

Закон за ментално здравје, Службен весник бр. 71/2006.pdf
2 Закон за изменување и дополнување на законот за ментално здравје, Службен весник бр. 150/2015.pdf

 

Кодекс на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија.pdf

 

Кодекс на професионални етички должности и права на фармацевтите на Македонија.pdf

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE