Обврска за водење на здравствена евиденција и задолжително пријавување

Печати

 

Обврската како што гласи во националното законодавство

Според  Законот  за  заштита  на  населението  од  заразни  болести ,  „органите  на  државната  управа,  органите  на  општините  и  Град  Скопје,  здравствените установи и другите правни и физички лица се должни, во рамките на своите надлежности  и  права  и  обврски,  да  соработуваат  и  да  разменуваат  информации за спроведувањето на мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на заразните болести и на инфекциите  
пропишани со овој закон“ (член 3).  

„Секој лекар кој врз основа на клинички и епидемиолошки податоци ќе открие или ќе се посомнева на заразно заболување е должен веднаш да ги преземе мерките пропишани со овој закон, а со цел да се спречи натамошното ширење на заразата.  

Во случаите кога лекарот ќе постави клиничка дијагноза или ќе се посомнева дека лицето има заразно заболување треба да го потврди заболувањето врз основа на микробиолошко испитување и во согласност со критериумите за дефинирање  случај.   

Критериумите за дефинирање случај од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот кој раководи со министерството (во натамошниот текст: министер).  
Микробиолошко испитување на причинителите на заразни болести се врши и во случај на појава или опасност од појава на епидемија на заразна болест“ (член  15).
Во согласност со членот 17 од Законот за заштита на населението од заразни болести, лекарот е должен веднаш да извести за лице заболено од болестите со задолжително пријавување, наведени во истоимениот член.

„Лекарот  задолжително  го  пријавува  и  секое  носителство  на  причинителите  на  
следниве заразни болести:  
1) цревен тифус и паратифус (Турhus abdominalis, Paratyphuѕ);  
2) вирусен хепатитис Б и Ц (Нераtitis virosa В, С);  
3) ХИВ инфекција (НIV infectio) и  
4) маларија (Маlariа)“
(член 19)

Лекарот е должен еднаш неделно до надлежниот Центар за јавно здравје да поднесува збирна пријава за бројот на заразните заболувања кои подлежат на задолжително  пријавување  во  согласност  со  овој  закон  и  за  другите  заразни заболувања кои ги евидентирал според збирот на симптомите и знаците кои биле присутни кај пациентите во текот на неделата, според групи дефинирани Законот.

„На задолжително пријавување подлежи и: 1) секое епидемиско јавување на заразна  болест;  2)  интрахоспитална  инфекција;  3)  поствакцинална  компликација која  го  надминува  степенот  на  нормална  поствакцинална  реакција  и  4)  секое каснување  или  повредување  од  страна  на  животно  заболено  од  беснило  или животно  сомнително  дека  е  заболено  од  беснило.  Пријавувањето  од  ставот  1, точките  1  и  2  од  овој  член  го  врши  директорот  на  здравствената  установа,  а пријавувањето од точките 3 и 4 го врши лекарот“ (член 20).

„Здравствен работник, односно здравствена установа, кој примил на задолжително лекување странски државјанин или му одредил изолација, односно спровел решение за карантин, е должен веднаш да го извести државниот орган надлежен за работите од областа на внатрешните работи“ (член 54).

Дополнителни прописи

Во согласност со Законот за ментално здравје, во функција на заштита на правата на пациентите со ментална болест, здравствената установа при приемот на лице со ментална болест е должна да го утврди неговиот идентитет, врз основа на податоците во личната карта и здравствената легитимација и податоците да ги воведе во евиденцијата во согласност со прописите за евиденција во областа на  
здравството (член 17).

Со истиот закон е предвидена обврска за здравствената установа „...податоците за денот и часот на приемот на лицето со ментална болест, идентитетот, медицинскиот упат, извештаите за состојбата со менталното здравје, планот и програмата за третман и рехабилитација, како и други документи во врска со состојбата со менталното здравје на лицето да ги евидентира, комплетира и чува на начин  
кој обезбедува нивна тајност и заштита во согласност со прописите за заштита на личните податоци“ (член 18, став 1).

Законот  за  заштита  на  правата  на  пациентите  ги  уредува  должностите  на  здравствената установа, па така во членот 33, точката 7 е предвидена обврската на здравствената установа да води медицинско досие за секој пациент, како и обврската за ажурирање на податоците (член 33, точка 9).  

Здравствената  установа  е  должна  да  води  писмена  белешка  за  спроведената процедура (член 35, став 2).

Исто така, здравствениот работник ја има обврската да ја приложи писмената изјава  од  членот  27,  став  2,  на  овој  закон  во  медицинското  досие  на  пациентот; да го запише во медицинското досие на пациентот податокот за самоволното напуштање на здравствената установа без најава; да го извести лицето од членот 25, став 6, од овој закон, а во случаи пропишани со други прописи и надлежните органи за напуштањето на здравствената установа од страна на пациентот,  
без најава (член 38, точки 8, 9 и 10).

Здравствената установа има обврска и „да води досие за секоја усна или писмена поплака на пациентите, како и на други поведени правни постапки за заштита на права на пациенти на здравствената установа, кое, по завршување на постапката, станува составен дел од медицинското досие на пациентот“ (член 45,  точка 4)

Во согласност со Законот за безбедност во снабдувањето со крв, здравствен работник што дал трансфузија на крв и крвни компоненти води евиденција за секоја  употребена  единица  крв  или  крвна  компонента  за  да  се  овозможи добивање податоци за секоја аплицирана единица крв или крвна компонента и ги внесува во медицинското досие  на пациентот писмената согласност, резултатите од имунохематолошките иследувања и другите извршени испитувања, забелешките за позитивни дејства од трансфузијата на крв и крвни компоненти, информациите и документите за сериозно неповолните настани и реакции, како и други податоци и документи во врска со извршената трансфузија на крв и крвни компоненти. Здравствената установа што ги употребува крвта и крвните компоненти е должна сите податоци во врска со крвта и крвните компоненти што ги употребила веднаш да ги направи достапни, на барање на установата за трансфузиска медицина, во постапката на следењето на крвта (член 31).

Во согласност со Законот за прекинување на бременоста, здравствениот работник има должност да води евиденција за извршените абортуси во согласност со прописите за водење евиденции во здравството (член 7).

Етички кодекси

Во согласност со Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија и Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија на Стоматолошката комора на Република Македонија, при епидемии, стихии и други масовни катастрофи, лекарот, односно докторот ­ стоматолог, доброволно се  става  на  располагање  на  надлежниот  државен  орган  што  раководи  со отстранување на последиците од стихијата (член 34, односно член 40).

Дополнителни важни информации

Здравствените   установи   треба   да   водат   медицинска   документација   и евиденција во областа на здравството во согласност со: Законот за здравствена заштита (Службен весник на РМ бр. 38/91, 46/93, 55/95, 10/04, 84/05, 111/05, 65/06, 5/07, 77/08, 67/09), Законот за евиденции во областа на здравството (Службен весник на РМ бр. 20/09), Законот за заштита на населението од заразни болести (Службен весник на РМ бр. 66/04, 139/08, 99/09), Правилникот за начинот на пријавување заразни болести (Службен лист на СФРЈ бр. 11/92), Правилникот за условите и начинот на вршење  на  задолжителната  имунизација,  серопрофилакса  и  хемиопрофилакса против заразни болести и за лица кои подлежат на таа обврска (Службен лист на СФРЈ бр.68/91), Упатството за начинот на водење на евиденциите во областа на здравството (Службен весник на СРМ бр. 21/85), Програмата за статистички истражувања за периодот 2003­2007 (Службен весник на РМ бр. 69/03), Програмата за превентивна здравствена заштита на Република Македонија (Службен весник на РМ бр. 42/07), Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 2007 година (Службен весник на РМ бр. 42/07) и Законот за државна статистика (Службен весник на РМ бр. 54/97), Законот за заштита на личните податоци  (Службен весник на РМ бр. 7/05, 103/08).  
Секоја здравствена установа за  дејностите што ги врши треба да доставува збирни и индивидуални статистички извештаи преку Центарот за јавно здравје до Институтот за јавно здравје.

Збирни периодични извештаи:


   ­ - Извештај на службата за општа медицина и специјалистичките служби образец (3­01­60).
   ­ - Извештај на службата за медицина на труд (образец 3­02­60).
   ­ - Извештај на службата за здравствена заштита на деца (образец 3­03­60).
   ­ - Извештај на службата за здравствена заштита на школски деца и младина (образец 3­04­60).
   ­ - Извештај на службата за здравствена заштита на жени (образец 3­05­60).`
   - Извештај за работата на службата за градни болести и туберкулоза (образец 3­06­60).
   ­ - Извештај на службата за кожно ­ венерични болести (образец 3­07­60).
   - ­ Извештај на службата за рехабилитација (образец 3­08­60).
   ­ - Извештај на службата за заштита и лекување на устата и забите (образец  3­09­60).
   ­ - Извештај на службата за трансфузија (образец 3­10­60).
   ­ - Извештај за здравствено просветување (образец 3­13­60).
   ­ - Извештај за лаборатории (образец 3­14­60).
   ­ - Извештај на службата за поливалентна патронажа (образец 3­17­60).
   ­ - Извештај за теренска работа на акушерки ­ бабици (образец 3­18­60).
   ­ - Извештај на службата за болничко ­ стационарно лекување (образец 3­21­60).
   - ­ Извештај  за  организациската  структура  и  кадрите  на  организацијата  на здружен труд во  областа на  здравството (образец 3­00­60).
   - Извештај за извршена имунизација (образец 3­19­60).


Тримесечните збирни периодични извештаи се пополнуваат за сите дејности  кои ги имате во состав на вашата здравствена установа и се доставуваат до регионалниот  Центар  за  јавно  здравје  (секој  десетти  во  месецот  за  прет-ходното тримесечје), а по извршената логична и математичка контрола се врши компјутерско внесување на истите. Врз основа на тримесечните извештаи  се  подготвуваат  полугодишни  збирни  извештаи  кои  се  доставуваат до Институтот за јавно здравје на Р. Македонија, каде што повторно се врши логична и математичка контрола на податоците и со софтверска обработка се подготвуваат годишни збирни извештаи на ниво на Република Македонија. Овој начин на собирање на статистичките податоци се однесува за сите збирни извештаи, освен за Извештајот за организациската структура и кадрите на организацијата на здружен труд во областа на здравството (образец 3­00­60) и Извештајот за работата на службата за градни болести и  туберкулоза (образец 3­06­60) кои се доставуваат еднаш годишно.

Индивидуални извештаи за хронични незаразни заболувања:


   1. Пријава на малигна неоплазма ­ обр. бр. 3­35­86
   2. Индивидуален извештај за шеќерна болест ­ обр. бр. МЗС ­ 02
   3. Индивидуален извештај за исхемична болест на срцето ­ обр. бр. МЗС ­ 03
   4. Индивидуален извештај за бубрежна инсуфициенција ­ обр. бр. МЗС ­ 04
   5. Индивидуален извештај за психози ­ обр. бр. МЗС ­ 05
   6. Индивидуален извештај за алкохолизам и други зависности ­ обр. бр. МЗС ­ 06
   7.  Пријава на професионална болест и на лице заболено или оштетено од  професионална болест ­ обр. бр. МЗС 3­36­86
   8. Индивидуален извештај за ревматска трска ­ обр. бр. МЗС ­ 08
   9. Индивидуален извештај за интоксикација ­ обр. бр. МЗС ­ 09
   10. Индивидуален извештај за сообраќајна траума ­ обр. бр. МЗС­10  
   11. Извештај за стационарно лекувано лице ­ обр. бр. 3­21­61 A
   12. Пријава за породување ­ обр. бр. 3­21­63
   13. Пријава за прекин на бременост ­ обр. бр. 3­21­64
   14. Пријава за повреда на работа ­ обр. ЕТ­8
   15. Извештај за привремена спреченост за работа ­ обр. ИСР
 
   Индивидуални пријави за заразни заболувања:


   1. Пријава за заболување – смрт од заразни болести (обр. бр. 3­20­60)
   2. Пријава за попатни појави при имунизација (отпечатен во прилог на цитираниот Правилник за задолжителна имунизација).


Индивидуалните извештаи и пријави ги пополнува лекар за секое лице кај кое е утврдено заболување. Пополнетите индивидуални извештаи и пријави се доставуваат преку регионалните центри за јавно здравје (секој 5 во месецот за претходниот месец) до Институтот за јавно здравје на РМ (секој 10 во месецот за претходниот месец). 
Со образецот Пријава за заболување – смрт за заразни болести се пријавуваат заразните болести, сомневање за заразни болести и носителство на причинители на заразни болести од членовите 17, 18 и 19 од Законот за заштита на населението од заразни болести (цитиран погоре). Состојбите од  членот 20 од истиот Закон се пријавуваат на обрасци отпечатени во прилог на Правилникот за начинот на пријавување заразни болести.
Во тек е изработка на нови правилници кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести.
За  водење  медицинска  документација  и  евиденција  во  сите  здравствени установи се надлежни Институтот за јавно здравје (за цела територија на Република Македонија) и центрите за јавно здравје за подрачјата што ги покриваат.  
Секторот за социјална медицина при Институтот за јавно здравје подготвува Упатство за водење медицинска документација и евиденција и заедно со центрите за јавно здравје организира едукативни семинари.



Закон за заштита на населението од заразни болести

1

Закон за заштита на населението од заразни болести,Службен весник бр. 66/2004.pdf

2

Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести,Службен весник бр. 139/2008.pdf

3

Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести,Службен весник бр. 99/2009.pdf

4

Одлука на Уставен суд, У. бр. 94-2010.pdf

5

Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, Службен весник бр. 149/2014.pdf

6

Закон за изменување и дополнување на законот за заштита на населението од заразни болести, Службен весник бр. 150/2015.pdf

7

Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, Службен весник бр. 37/2016.pdf

 

Закон за ментално здравје

1

Закон за ментално здравје, Службен весник бр. 71/2006.pdf
2 Закон за изменување и дополнување на законот за ментално здравје, Службен весник бр. 150/2015.pdf

 

Закон за заштита на правата на пациентите

1

Закон за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 82/2008.pdf

2

Закон за изменување  на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 12/2009.pdf

3

Закон за изменување  на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 53/2011.pdf

4

Закон за изменување и дополнување на законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 150/2015.pdf

 

Закон за прекинување на бременоста

1

Закон за прекинување на бременоста, Службен весник бр. 87-2013.pdf (во сила)

2

Закон за изменување на Законот за прекинување на бременоста, Службен Весник бр.164-2013.pdf

3

Закон за изменување на Законот за прекинување на бременоста, Службен весник бр. 144/2014.pdf

4

Закон за изменување и дополнување на Законот за прекинување на бременоста, Службен весник бр. 149/2015.pdf

 

Закон за безбедност во снабдување со крв

1

Закон за безбедност во снабдување со крв, Службен весник бр. 110/2007.pdf

2

Закон за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Службен Весник бр.164-2013.pdf

3

Закон за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Службен весник бр. 144/2014.pdf

4

Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Службен весник бр. 150/2015.pdf

 

Правилник за формата и содржината на картичката за здравствено осигурување и за начинот на нејзиното издавање, водење, користење и доказот за платен придонес за задолжително здравствено осигурување.pdf

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE