Право на второ стручно мислење и конзилијарно мислење

Печати

 

Правото како што гласи во националното законодавство

Во Законот за заштита на правата на пациентите со членот 9 е уредено правото на пациентот секогаш „...да побара второ стручно мислење за својата здравствена состојба...“ (алинеја 1 и алинеја 2). „Второто стручно мислење на усно или писмено барање на пациентот е должен да го даде секој здравствен работник со најмалку иста стручна подготовка како и таа на здравствениот работник што го дал првото стручно мислење, а кој непосредно не учествувал во првичната медицинска интервенција над пациентот“ (став 2 од истиот член).

Дополнителни специфични закони и регулативи

Пациентот, односно корисникот на здравствена заштита, според Законот за здравствена заштита„...има право во текот на лекувањето да бара  конзилијарен преглед или консултација со друг лекар што го избрал, ако е во прашање болест од потешка природа, ако е предложено да подлежи на оперативен зафат или ако му се влоши здравствената состојба“ (член 51, став 1). За ова барање одлучува директорот на здравствената установа.

Етички кодекси

Во соодветните етички кодекси нема одредби кои директно се однесуваат на ова право.

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE