Обврска за почитување на правилата и придржување на редот кон здравствената установа

Печати

 

Обврската како што гласи според националната регулатива  

Според членот 29 и точката 5 од  Законот за заштита на правата на пациентите, пациентот за време на престојот во здравствената установа има обврска, во согласност со состојбата на неговото здравје, да ги почитува правилата за однесување во здравствената установа, пропишани со општ акт на установата.

Дополнителни прописи

Во Законот за здравствената заштита, во членот 56,  став 1 (став 2), е содржана обврската за време на лекувањето и остварувањето други видови здравствена заштита во здравствените установи корисниците да се придржуваат кон одредбите на општите акти на здравствените установи и упатствата на здравствените работници.

Според членот 15 од Законот за ментално здравје, лицата со ментална болест во здравствените установи, во согласност со состојбата на нивното здравје, имаат обврска да ги почитуваат правилата за однесување во здравствената установа.

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE