Обврска за работа/ангажман

Печати

 

Обврската како што гласи според националната регулатива  


Според членот 29 и точката 6 од Законот за заштита на правата на пациентите,  пациентот за време на престојот во здравствената установа има обврска, во согласност со состојбата на неговото здравје, да „прифати ангажман, доколку  е  тој  дел  од  неговата  рехабилитација  и  ресоцијализација  во  функција  на реактивирање на неговите социјални вештини“.  

Исто така, пациентот има обврска да „го почитува професионалното и човечко достоинство на здравствените работници“ (член 29, точка 7).

Дополнителни прописи

Во Законот за ментално здравје, членот 15, исто така, го обврзува пациентот со ментална болест во текот на престојот во здравствена установа, а во согласност со состојбата на неговото здравје, да прифати работен ангажман, доколку е тој дел од рехабилитацијата.

 

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE