Корисни линкови

Корисни линкови...

За помош обратете се на...


Министерство за здравство

Адреса: Водњанска бб, 1000 Скопје; тел: (02) 3147 147, факс: (02) 3113 014

 

Државен санитарен и здравствен инспекторат

Адреса: Водњанска бб, 1000 Скопје; тел: (02) 3147 147, факс: (02) 3113 014

 

Фонд за здравствено осигурување на Македонија

Републички фонд за здравствено осигурување

Адреса: Македонија б.б., Скопје; тел: (02) 3289 000

 

ЛИСТА НА ПОДРАЧНИ СЛУЖБИ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Подрачна служба

Телефон

Адреса

Берово

(033) 471 027

ул. Младински кеј бр. 2

Битола

(047) 231 614

ул. Иван Милутиновиќ бб

Македонски Брод

(045) 275 812

ул. Димитар Влахов бр. 4

Валандово

(034) 381 047

ул. Моша Пијаде бр. 4

Виница

(033) 363 303

ул. Бел камен бб

Гевгелија

(034) 212 945

ул. Димитар Влахов бб

Гостивар

(042) 214 559

ул. Борче Јовановски бб

Дебар

(046) 838 840

ул. 8 Септември бр. 15

Делчево

(033) 411 129

ул. Македонија бб

Демир Хисар

(047) 276 744

ул. Битолска бб

Кавадарци

(043) 413 312

ул. ЈНА бб

Кичево

(045) 225 179

ул. Мирко Милевски бр. 23

Кочани

(033) 279 130

ул. Димитар Влахов бр. 5

Кратово

(031) 481 994

ул. Гоце Делчев бб

Крива Паланка

(031) 375 931

ул. Никола Тесла бб

Крушево

(048) 477 123

ул. Шула Мина бр. 20

Куманово

(031) 420 076

ул. 11 Октомври бр. 2

Неготино

(043) 361 832

ул. Маршал Тито бр. 179

Охрид

(046) 260 265

ул. Димитар Влахов бб

Прилеп

(048) 411 485

ул. Ѓорче Петров бб

Пробиштип

(032) 483 133

ул. Јордан Стојанов бр. 20

Радовиш

(032) 635 714

ул. Ана Поцкова бр. 1

Ресен

(047) 454 429

ул. Мите Богоевски бр. 21

Свети Николе

(032) 443 616

ул. Карпошева бр. 36

Скопје

(02) 3118 566

бул. Кочо Рацин бр. 91

Струга

(046) 780 706

ул. Маршал Тито бб

Струмица

(034) 324 833

бул. Маршал Тито бб

Тетово

(044) 351 961

ул. Илирија бб

Велес

(043) 233 644

ул. Шефки Сали бр. 6

Штип

(032) 397 833

ул. Страшо Пинџур бб

 
 

Министерство за правда

Адреса: Димитрие Чуповски бр. 9, 1000 Скопје; тел: (02) 3117 277, факс: 3226 975

 

Државен управен инспекторат

Адреса: Димитрие Чуповски бр. 9, 1000 Скопје, бесплатен телефонски број 0800 111 99


Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапки од работен однос во втор степен


Судови во Република Македонија

ЛИСТА НА Судови во Република Македонија

Суд

Телефон

Адреса

Врховен суд на РМ

(02) 3136 044; (02) 3164 064

бул. Крсте Мисирков бб, Скопје

Управен суд

(02) 3203 200

ул. Орце Николов бб, Скопје

Виш управен суд

(02) 3061 536

ул. Никола Парапунов бб, Скопје

Апелационен суд - Скопје

(02) 3292 400; (02) 3292 459

бул. Крсте Мисирков бб, Скопје

Основен суд - Скопје 1

(02) 3292 611

бул. Гоце Делчев бб, Скопје

Основен суд - Скопје 2

(02) 3120 171

бул. Гоце Делчев 4, Скопје

Основен суд - Велес

(043) 233 622; (043) 232 759

ул. Маршал Тито 53, Велес

Основен суд - Гевгелија

(034) 212 936; (034) 212 937

ул. Димитар Влахов 2, Гевгелија

Основен суд - Валандово

(034) 381 814

ул. Никола Карев 22, Валандово

Основен суд - Кавадарци

(043) 413 150

ул. Нов Белград 16, Кавадарци

Основен суд - Неготино

(043) 361 895; (043) 362 283

ул. Маршал Тито 132, Неготино

Основен суд - Куманово

(031) 411 555; (031) 417 615

ул. 11-ти Октомври 6, Куманово

Основен суд - Кратово

(031) 481 018

ул. Јосиф Даскалов бб, Кратово

Основен суд - Крива Паланка

(031) 375 322

ул. Маршал Тито бб, Крива Паланка

Апелационен суд - Битола

(047) 227 999; (047) 238 263

бул. 1-ви Мај бб, Битола

Основен суд - Битола

(047) 223 166; (047) 223 066

бул. 1-ви Мај бб, Битола

Основен суд - Охрид

(046) 262 138

бул. Македонски Просветители 10, Охрид

Основен суд - Прилеп

(048) 421 720

ул. Будимаш бб, Прилеп

Основен суд - Ресен

(047) 452 588; (047) 451 327

ул. Мите Богоевски бб, Ресен

Основен суд - Струга

(046) 782 610

ул. ЈНА 1, Струга

Основeн суд - Крушево

(048) 477 067; (048) 477 087

ул. Илинденска  бб, Крушево

Апелационен суд - Штип

(032) 393 455

ул. Генерал Михаило Апостолски 18, Штип

Основен суд - Берово

(033) 471 006; (033) 471 223

Кеј Младина бб, Берово

Основен суд - Делчево

(033) 411 127

бул. Македонија бб, Делчево

Основен суд - Виница

(033) 361 755

ул. Бел Камен бб, Виница

Основен суд -  Кочани

(033) 271 014

ул. Никола Карев 4, Кочани

Основен суд - Радовиш

(032) 630 115

ул. 22-ри Октомври бб, Радовиш

Основен суд - Свети Николе

(032) 443 991

ул. Ленинова бб, Свети Николе

Основен суд - Струмица

(034) 346 624

ул. Ленинова 34, Струмица

Основен суд - Штип

(032) 391 827

ул. Страшо Пинџур 1, Штип

Основен суд - Пробиштип

(032) 482 273

ул. Миро Барага бб,Пробиштип

Апелационeн суд - Гостивар

(042) 221 544; (042) 221 545

ул. Живко Брајкоски 1, Гостивар

Основен суд - Гостивар

(042) 272 055; (042) 272 055;             (042) 272 056

ул. Живко Брајкоски 1, Гостивар

Основен суд - Тетово

(044) 330 688; (044) 330 665

ул. Илинденска бб, Тетово

Основен суд - Кичево

(045) 223 464; (045) 223 566

бул. Ослободување 17, Кичево

Основен суд - Дебар

(046) 831 404

ул. Вељко Влаховиќ 41, Дебар

 

Уставен суд на РМ

Адреса: бул. 12 Ударна бригада бр. 2, Скопје; тел: (02) 3119 355

 

Народен правобранител

Адреса: Димитрие Чупоски бр. 2, Скопје; тел: (02) 3129 335

 

Комисија за заштита од дискриминација

Адреса: бул. Гоце Делчев  бб (20-ти кат во зградата на МРТВ), Скопје, тел:  (02) 323 2242

Право на превентивни мерки

 

Европска повелба за правата на пациентите

„Секој поединец има право на соодветна услуга во насока на превенција oд заболување. Здравствената  заштита  има  обврска  да  ја  исполнува  оваа  цел  преку подигнување на свеста на луѓето, гарантирајќи здравствени процедури во  редовни  интервали  без  надомест  за  различни  популациски  групи изложени на ризик и овозможувајќи им пристап на сите до постигнатите резултати од научните истражувања и од технолошките иновации“.

Правото како што гласи во националното законодавство

Уставот на Република Македонија е експлицитен во гарантирањето на правото на здравствена заштита (дефинирана во Законот за здравствена заштита) на секој граѓанин (член 39). Во согласност со членот 32 од Законот за здравствена заштита, на сите граѓани (на секого) на Република Македонија им се обезбедува остварување на општите превентивни мерки заради обезбедување здрава животна средина, систематски прегледи и  други  мерки  и  активности  за  спречување  болести  (имунизација, бруцелоза, туберкулоза, СИДА, заразни болести и сл.). Остварувањето  на  општите  превентивни  мерки  се  обезбедува  преку  посебни програми што Владата на Република Македонија ги донесува секоја година, а се финансираат од Буџетот на државата.

Во согласност со Законот за здравствено осигурување, „на осигурените лица им се обезбедува право на основни услуги под услови утврдени со Законот“ (член 8).  Основните  здравствени  услуги,  покрај  другото,  опфаќаат  спроведување  на превентивните мерки (член 9, став 1, точка 6).

Дополнителни прописи

Во согласност со Законот за заштита на правата на пациентите, со заштитата на правата на пациентите „се обезбедува квалитетна и континуирана здравствена заштита“ (член 2). Здравствената заштита е дефинирана со Законот за здравствена заштита.

Начелото на достапност се заснова на „континуитет на здравствената заштита, вклучувајќи соработка меѓу сите здравствени работници, здравствени соработници и/или здравствени установи што можат да бидат вклучени во целиот процес на третман на одредена состојба или заболување на пациентот“ (член 3, став 3 (начело на достапност), алинеја 2).

„Медицинска  интервенција  е  секој  преглед,  третман  или  друга  активност  со превентивна, дијагностичка, терапевтска цел или со цел за рехабилитација што ја презема овластен здравствен работник“ (член 4, став 1, точка 2, во врска со членот 14 од истиот закон, право на прифаќање или на одбивање медицинска интервенција).

Според Законот за ментално здравје  , „заштитата на лицата со ментална болест се  заснова  на  обезбедување  најдобра  грижа,  лекување  и  рехабилитација  во согласност со тековните достигнувања во областа и во рамките на расположивите средства, соодветна на поединечните потреби на лицето, со отсуство на каква било психичка и физичка злоупотреба, со целосен респект на достоинството на неговата личност и во негов најдобар интерес“ (член 3).

Со  Законот  за  заштита  на  населението  од  заразни  болести  „се  утврдуваат мерките за спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и инфекции...“ (член 1).

Законот  за  лекови  и  медицински  помагала   ја  уредува  превенцијата  од  несаканите дејства на лековите и на медицинските помагала преку воспоставување ригорозни системи за регистрација и режим на издавање на лековите (со или без рецепт).

Законот за безбедност на храната и производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната ги уредува „условите за обезбедување на безбедноста на  храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, производството и прометот, правата и обврските на физичките и правните лица кои произведуваат или вршат промет со цел да се заштити здравјето на луѓето...“  (член 1).

Законот за безбедност на козметичките производи ги уредува „условите што во поглед на здравствената безбедност треба да ги исполнуваат козметичките производи што се произведуваат или се ставаат во промет...“ (член 1).

Законот за безбедност и здравје при работа ги утврдува „мерките за безбедност и здравје при работа, обврските на работодавецот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа, како и превентивните мерки против професионалните ризици, отстранувањето на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука на работниците и нивните претставници и нивно учество во планирањето и преземањето мерки за  
безбедност и здравје при работа“ (член 1).

Во Законот за безбедност во снабдувањето со крв се определува дека „крвта и крвните компоненти мора да бидат со квалитет и безбедност, така што да не го загрозуваат животот и здравјето на примателот на крв и крвни компоненти“ (член 20, точка 1).

Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување  ги уредува „правото на биомедицинско потпомогнато оплодување, условите за остварување на правото за биомедицинско потпомогнато оплодување, безбедноста на донирањето, обезбедувањето, тестирањето, обработката, чувањето, дистрибуцијата и примената на клетките при вршењето на биомедицинско потпомогнато оплодување, правата и обврските на пациентот, здравствените работници и здравствените установи, условите за спроведување на биомедицинско потпомогнато оплодување,  како и надзорот“ (член 1).  

„Спроведувањето  на  постапката  за  биомедицинско  потпомогнато  оплодување (БПО) се врши на начин кој обезбедува заштита на човековите права, достоинството и приватноста на лицата врз кои се врши медицинската постапка и на донаторите на полови клетки и ембриони“ (член 2, став 1).

Целта на Законот за безбедност на производите е „производите да бидат безбедни кога се пуштаат на пазар, се ставаат во употреба или се употребуваат особено поради: остварување и заштита на јавниот интерес; заштита на животот и здравјето на луѓето, животните и растенијата; и заштита на животната средина и природата и заштита на потрошувачите и на другите корисници на производите и заштита на имотот“ (член 2).

Со  Законот  за  заштита  од  пушењето  се  уредува  „заштитата  од  штетните  дејствија  на  пушењето  тутун  и  други  производи  од  тутун  врз  граѓаните, зачувувањето на здрава животна средина, забрана на пушењето во јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите“ (член 1).

Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност го уредува „системот на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење, како и заштитата на населението и околината од изложеност или потенцијална изложеност на јонизирачко зрачење“ (член 1, став 1).

Законот за заштита од бучава во животната средина ги има следниве цели: создавање здрави услови за животот на луѓето и заштита на животната средина од бучава (член 2, став 1, алинеја 1).

Етички кодекси

Според членот 107 од Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија, „лекарот при својата професионална работа во превентивата, куративата и рехабилитацијата мора да ги применува меѓународните хуманитарни начела“.

Исто така, според Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора  на  Македонија,  „лекарите  и  останатите  здравствени  работници  имаат обврска да дејствуваат во смисла на  здравствено воспитување и така да им помагаат на луѓето да постигнат подобар квалитет на живеење“ (член 38), односно да настојуваат „...населението да се насочува и обучува за прва помош и за здравствена помош во вонредни околности“ (член 39, став 1).

Кодексот  на  професионални  етички  должности  и  права  на  фармацевтите  на  Македонија  определува  дека  „фармацевтот  се  залага  за  здравствено воспитување и за растеж на здравствената култура на луѓето. Тој треба да се залага за  спречување на сето она што го загрозува здравјето на човекот...”  (член 6).

Стоматолошка комора во својот Кодекс го дефинира „кодексот на стоматолошката етика и деонтологија како систем на етички норми врз кои се втемелени заемните обврски помеѓу стоматолошката професија и општеството и ставени во функција на заштита и унапредување на човековото здравје, на строгото професионално  однесување  при  лекувањето  на  пациентот  и  заштитата  на  неговиот личен интегритет и на интегритетот на секој стоматолошки работник“ (член 1,  
став 2).

Право на пристап

 

 Европска повелба за правата на пациентите

„Секој поединец има право на пристап до здравствените услуги потребни за неговото здравје. Здравствената заштита мора да гарантира еднаков пристап за сите, без дискриминација врз основа на финансиската состојба, местото на живеење, видот на болеста или времето потребно за пристап до здравствената заштита.
Поединецот што бара третман, а не е во можност да ги плати трошоците за третманот, има право да биде ослободен од тие трошоци.
Секој поединец има право на соодветна заштита независно од тоа дали е примен на лекување во мала или во голема болница или, пак, во клиника.
Секој поединец, дури и без дозвола за престој (во одредена земја), има право на итна амбулантска или болничка интервенција.
Поединец што страда од ретки заболувања го има истото право на потребен  третман  и  лекови  како  и  лицата  што  се  лекуваат  од  почести заболувања“.

Правото како што гласи во националното законодавство

Во Законот за заштита на правата на пациентите, во членот 3, точката 3, е уредено начелото на достапност кое се заснова на:
1)  „здравствени услуги што се постојано достапни и пристапни на сите пациенти подеднакво и без дискриминација;
2)  континуитет  на  здравствената  заштита,  вклучувајќи  соработка  помеѓу  сите здравствени работници, здравствени соработници и/или здравствени установи што можат да бидат вклучени во целиот процес на третман на одредена состојба или заболување на пациентот;
3)  праведна и фер постапка за избор/селекција за третман, во услови кога постои можност за избор од страна на здравствените установи на потенцијални пациенти за посебен третман кој е достапен во ограничен обем, при што изборот треба да се заснова на медицински критериуми, без дискриминација;  
4)  избор и промена на здравствен работник и здравствена установа, во рамки на здравствениот систем;
5)  достапност на служби за домашно лекување, односно служби во заедницата каде пациентот живее;           и
6)  еднаква можност за заштита на правата на сите пациенти на територијата на Република Македонија“.

Според Законот за заштита на правата на пациентите, „пациентот има право на остварувањето на правата, пропишани со овој закон, без дискриминација заснована  врз  пол,  раса,  боја  на  кожата,  јазик,  вера,  политичко  или  кое  и  да е друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање, сексуална ориентација или кој и да е друг статус“ (член 5, точка 2).

Дополнителни прописи

Со Законот за здравствена заштита се уредени правата од здравствената заштита на граѓаните и системот и организацијата на здравствената заштита. Во согласност со членот 3, став 1 од истиот закон, „секој има право на заштита на здравјето“.  Еднаквата достапност се обезбедува особено и преку дополнителната (кон редовната здравствена заштита финансирана преку системот за здравствено осигурување) примена на 15. буџетски финансирани програми што Владата ги донесува годишно, врз основа на Законот за здравствена заштита.

Со Законот за здравствено осигурување „се уредува здравственото осигурување на граѓаните, правата и обврските од здравственото осигурување, како иначинот на спроведување на здравственото осигурување“ (член 1). Според членот 2, здравственото осигурување е востановено како задолжително со утврден пакет на здравствени услуги за сите граѓани на Република Македонија и доброволно за обезбедување здравствени услуги кои не се опфатени со пакетот на здравствените услуги. Во Законот се содржани голем број основи за осигурување (член 5) со цел да се опфатат сите граѓани со задолжително здравствено осигурување, без дискриминација заснована на финансиските ресурси, местото на живеење,  видот на болеста или времето за достапност на здравствени услуги. Доколку некој од оправдани причини не воспоставил осигурување, државата обезбедува неопходни здравствени услуги преку програма за неосигурени лица.

Според овој закон, во основните здравствени услуги во примарната, специјалистичко - консултативната и болничката (краткотрајна и долготрајна) здравствена заштита,  меѓу  другите,  спаѓаат  и  „лекови  според  листата  на  лекови  што  со  општ акт ја утврдува Фондот, на кој министерот за здравство дава согласност“, како и „...помошни материјали кои служат за примена на лековите, санитетски и друг материјал потребен за лекување“ (член 9, точка а)-8), в)-2).  

Во  рамките  на  основните  здравствени  услуги,  во  делот  на  специјалистичко - консултативната здравствена заштита, осигурениците имаат право на „протези, ортопедски и други помагала, помошни и санитетски справи и материјали и заботехнички средства според индикации утврдени со општ акт на Фондот на кој министерот за здравство дава согласност“ (член 9, став 1, точка б)-3)).

Дополнителни важни информации

Осигуреното  лице  го  остварува  правото  на  ортопедско  помагало  врз основа на потврда за потребата од ортопедско помагало што ја издава лекар - специјалист од соодветна специјалност, а која се заверува во подрачната служба на Фондот.
Врз основа на заверената потврда за потребата од ортопедско помагало, осигуреното лице го подига одобреното ортопедско помагало од ортопедска куќа која изработува, односно продава ортопедски помагала.
Доколку  осигуреното  лице  сака  да  оствари  натстандардно  ортопедско помагало, потребно е да потпише изјава, а разликата во цената од стандардното до натстандардното помагало е на товар на осигуреникот.
Осигуреното лице може да користи санитетско возило и кога не се работи за итен случај ако се работи за повреда поради неподвижност или ограничена  подвижност,  при  што  не  може  да  го  користи  превозот  од јавниот сообраќај. Потребата за превоз со санитетско возило ја утврдува избраниот лекар или надлежен лекар од соодветна болничка здравствена установа.
Осигуреното лице може да користи превоз со санитетско возило  и  во  случај кога остварува право на лекување во странство по предлог на Лекарската комисија за упатување на лекување во странство или на надлежниот лекар во болничката установа.

Според Законот за ментално здравје , „лицето со ментална болест има право на ист третман во грижата, лекувањето и рехабилитацијата како и лицата болни од други болести“ (член 8).

Зафати на човечкиот геном, во согласност со Законот за заштита на правата на пациентите, насочени „кон промена на човековиот геном може да се преземат исклучиво во превентивни, дијагностички и терапевтски цели под услов целта на промената да не е воведување или промена во геномот на наследниците на пациентот“ (член 21, точка 1). Тестовите што укажуваат на генетски болести  
или служат за идентификација на пациентот, како носител на ген одговорен за болест или за откривање на генетската диспозиција или подложност на болест, можат да се вршат само со цел постигање на здравствени цели или заради научно истражување врзано за здравствени цели и со соодветно генетско советување“ (член 21, точка 2).

Законот  за  прекинување  на  бременоста,  Законот  за  биомедицинско  потпомогнато  оплодување,  Законот  за  условите  за  земање,  разменување, пренесување и пресадување делови од човековото тело заради лекување, Законот  за  безбедност  во  снабдувањето  со  крв,  исто  така,  имаат  за  цел  воспоставување безбедни услови под кои се обезбедува еднаков пристап до соодветните здравствени услуги (прекинување бременост, биомедицинско потпомогнато оплодување, пресадување, обезбедување безбедна крв).

Етички кодекси

Според  Кодексот  на  медицинската  деонтологија  на  Лекарската  комора  на Македонија,  „лекарот  е  должен,  во  согласност  со  својата  стручна  оспособеност, да дава итна медицинска помош и да се грижи за натамошната нега на загрозениот  човек“  (член  6),  односно  „лекарите  се  вклучени  во  процесот  на приемот, односно во отпуштањето на болниот, во процесот на лекувањето и на  
рехабилитацијата  на  болниот,  водат  сметка  за  нивните  лични  оспособености  и  
оспособености на болеста“ (член 14).

Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија, во членот 7, став 1, посредно уредува дека „докторот на стоматологија е должен да направи соодветна стоматолошка услуга и при тоа е должен да го почитува човековото достоинство на пациентот”, при што пациент е секое лице, односно сите лица.

Според Кодексот на професионални етички должности и права на фармацевтите на Македонија, со членот 14-19 е утврдена должноста на фармацевтот кон граѓаните/пациентите на стручна грижа и внимание, советување и соодветна комуникација и информирање на пациентот, преку што се олеснува пристапот на пациентот до квалитетна фармацевтска грижа.

Дополнителни важни информации

Сите  други  прописи  од  здравственото  законодавство  ги  уредуваат  достапноста и недискриминацијата на пациентите во здравствената заштита што претставува операционализација на уставната гаранција на достапност на здравствената заштита. Види и: Право на превенција: Дополнителни специфични закони и регулатива.
Недискриминацијата е значајно прашање во реализацијата на правата на пациентите. Иако досега во практиката во административните, граѓанските и   во   кривичните   постапки   не   е   поведена   постапка   врз   основа   на дискриминација, ова прашање е нужно да се разбере, а дискриминацијата  
да се разбере како кршење на човековите права, односно во здравствената  заштита  кршење  на  широкото  право  на  достапност  на  здравствената заштита по различни основи (возраст, пол, етничка припадност, вид на заболување или состојба, географски и финансиски можности и др.). Оттаму е важно да се нагласи дека во националното законодавство постојат антидискриминаторски  клаузули  преку  кои  се  сака  да  се  постигне  целта  на спречување на дискриминацијата. Иако сите тие не се постојани и помалку или повеќе се сеопфатни, се прекршуваат во практиката.  Антидискриминаторски клаузули за здравственото законодавство и поврзани со него содржат:
   - Уставот на РМ - „На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита“ (член 39, алинеја 1).
   -  Законот за здравствена  заштита - „Секој  има  право  на  заштита  на здравјето“ (член 3, алинеја 1).
   - Законот за ментално здравје - „Дискриминација е какво било изолирање,исклучување,  оддалечување  или  друг  третман  што  има  ефект  на  повреда или прекршување на еднаквоста во уживањето на правата, освен во случаите  уредени  со  овој  закон  (член  4,  точка  4,  а  во  врска  со  членот  7-б), лицето со ментална болест има право на заштита од каков било облик на  малтретирање, понижување и злоставување и не смее да биде дискриминирано поради состојбата со неговото ментално здравје“.
- Законот за безбедност и здравје при работа  - „Одредбите од овој закон  се  применуваат  во  сите  дејности  на  јавниот  и  приватниот  сектор, за сите  лица  осигурени  од  повреда  на  работното  место  или  професионалните  болести  според  прописите  за  пензиското,  инвалидското  и  здравственото осигурување и за сите други лица кои се вклучени во работните процеси“  (член 2, точка 1).
-  Законот  за  биомедицинско  потпомогнато  оплодување -  „Право  на користење на постапка на БПО имаат полнолетни и деловно способни мажи и жени кои, покрај причините заради кои се спроведува БПО од членот 3 на овој закон, се во брак или живеат во вонбрачна заедница и кои според возраста и општата здравствена состојба се способни за родителска грижа.  
Бракот или вонбрачната заедница од ставот 1 на овој член мора да постојат во моментот на спроведување на постапката на БПО. Право на користење на постапка на БПО имаат полнолетни и деловно способни жени кои не се во брак или не живеат во вонбрачна заедница...“ (член 9).
Освен овие, исто така, се важни и антидискриминаторските клаузули во кривичното  законодавство  и  во  социјалната  сфера  бидејќи  навлегуваат  и  во здравствените  права  на  пациентите  (еднаквост  во  реализација  на  здравствените права во социјалната заштита и судските постапки). Од значење за соодветниот пристап во реализацијата на правата на пациентите е и Законот за еднакви можности на жените и мажите со кој „се забранува дискриминација врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот, образованието, социјалната сигурност, културата и спортот, согласно со овој или друг закон“ (член 3).


Право на информираност

 

Европска повелба за правата на пациентите

„Секој поединец има право на пристап до секој вид информација која има врска  со  неговото  здравје,  здравствената  заштита  и  начинот  на  нејзино користење, како и сите сознанија од научните истражувања и технолошките иновации кои се на располагање.
Здравствените установи и здравствените работници треба да обезбедуваат информации според потребите/степенот на образование на пациентот, особено имајќи ги предвид верските, етничките или јазичните специфики на пациентот.  
Здравствените  установи  имаат  обврска  сите  информации  да  ги  направат лесно достапни, отстранувајќи ги бирократските препреки, со едукација на здравствените  работници  и  со  подготвување  и  дистрибуција  на  информативни материјали.
Пациентот има право на директен пристап до своето клиничко досие и до медицинските податоци, да ги фотокопира, да постави прашања во врска со нивната содржина и да побара исправка на некои грешки ако евентуално постојат.
Болничкиот пациент има право на постојана и исцрпна информација; тоа може да се гарантира со т.н. тутор.
Секој  поединец  има  право  на  директен  пристап  до  информација  од  научно  истражување,  фармацевтска  грижа  и  технолошки  иновации.  Оваа информација може да дојде или од јавни или од приватни извори, под услов истата да ги исполнува стандардите на точност, прецизност и на транспарентност“.

Правото како што гласи во националното законодавство

Во Законот за заштита на правата на пациентите со посебен член е уредено правото на информираност (член 7) според кој „пациентот има право, во сите фази на здравствената заштита, да биде потполно информиран за:
1)  својата здравствена состојба, вклучително и за медицинската процена на резултатите и исходот од одредена медицинска интервенција;
2)  препорачаните медицински интервенции, како и планираните датуми за нивно спроведување (програма за третман и за рехабилитација);
3)  можните     предности     и   ризици     при   спроведувањето,       односно     поради неспроведувањето на препорачаните медицински интервенции;
4)  своето право на одлучување за препорачаните медицински интервенции;
5)  можните замени за препорачаните медицински интервенции;
6)  причините за евентуалните разлики на постигнатиот резултат од медицинските интервенции во однос на очекуваниот резултат;
7)  текот на постапката при укажувањето на здравствената заштита;
8)  препорачаниот начин на живеење и
9)  правата од здравствената заштита и здравственото осигурување, како и постапката за остварување на тие права“.

Наведените информации „...мора да му се дадат на пациентот на разбирлив и соодветен  начин  за  него,  со  минимизирање  на  техничката,  односно  стручната терминологија за да се добијат важните податоци за третман на пациентот“ (член 8). Ако пациентот не го разбира вообичаениот јазик на обраќање во здравствената установа, тој има право на соодветна форма на превод.

„Пациентот има право да биде информиран за имињата, стручната подготовка и специјализацијата на здравствените работници кои му укажуваат непосредно здравствена  заштита,  преку  задолжително  јавно  истакнување  на  лиценцата  за работа издадена од соодветната комора во просторијата каде што работи“ (член 10).

„Право  на  информација  има  и  пациент  со  трајно  намалена  способност  за расудување,  во  согласност  со  неговата  физичка,  ментална  и  психичка  состојба,  како  и  неговиот  старател  или  законски  застапник“  (член  11).  Право  на информација имаат и членовите на најблиското семејство на пациентот во случаи на привремена неспособност за расудување.

Со  Законот  за  заштита  на  правата  на  пациентите  е  уредено  и  правото  на одбивање прием на информација. Имено, во согласност со членот 12 од Законот „пациентот има право, со писмена и потпишана изјава, да одбие прием на информација  за  природата  на  својата  здравствена  состојба  и  очекуваниот  исход на предложените или преземени медицински интервенции.“ Од правото на  
информација „пациентот не може да се одрече во случаите во кои мора да биде свесен за природата на својата болест за да не го загрози здравјето на другите“ (член 13). Во тој случај, пациентот има право да определи лице на кое ќе му биде дадена информацијата, во писмена форма или на друг веродостоен начин.

Пациентот има право на информација дури и во случаи кога неговата согласност не е услов за почнување на медицинската интервенција, т.е. во итни случаи.

Во Законот за заштита на правата на пациентите, со членот 22 е уредено правото на пациентот да биде информиран за медицинското досие  што се води за него и правото на увид во тоа досие (став 1).

„Пациентот има право на свој трошок во реален износ да добие извод или копија на податоци и документи од медицинското досие од ставот 1 на овој член“ (став 2).
„Пациентот има право да бара појаснување на податоците од медицинското досие што се однесуваат на него“ (став 3).  
„Податоците од медицинското досие се ажурираат на начин што при внесот на нови податоци обезбедува да можат да се утврдат првично внесените податоци“ (став 4).

Правото на пациентот на пристап до досието по исклучок може да биде ограничено,  одбиено  или  привремено  суспендирано  од  страна  на  лице  кое  во  дадениот момент е одговорно за чување на податоците содржани во досието ако е веројатно дека информацијата ќе предизвика сериозни повреди на здравјето на пациентот и ако со тоа се открива информација за трети лица, чиешто откривање не може да се оневозможи.

Пациентот има право писмено да овласти лице кое во негово име ќе ги остварува правата за време, како и по престанокот на неговиот третман и лекување (член 23, став 1).

Брачниот или вонбрачниот другар, роднина по права линија, брат или сестра ги остваруваат правата, врз основа на писмено барање, ако не можат да ги добијат податоците содржани во медицинското досие на друг начин и ако податоците се неопходни за да се идентификува причина што може да влијае врз животот или врз здравјето на барателот или да се заштитат животот и здравјето на барателот.
„Во случај на смрт на пациентот, ако тоа пациентот за време на својот живот изречно не го забранил, право на увид во медицинското досие имаат брачниот или вонбрачниот другар на пациентот, полнолетно дете, родител, полнолетен брат или сестра на пациентот, како и законскиот застапник, односно старателот на пациентот“ (член 23, став 2) и истите „имаат право на свој трошок, во реален износ да добијат извод или копија на документи од медицинското досие на пациентот“  (став 3 од истиот член).  
Во Законот е содржана упатна одредба (член 24) според која за сè што не е уредено со овој закон, во однос на заштитата на личните податоци, се применуваат прописите од областа на заштитата на личните податоци.

Дополнителни прописи

Според Законот за здравствена заштита, „ако во текот на лекувањето настанат трајни последици, односно инвалидност, корисникот или неговото семејство има  право  да  бара  да  се  изврши  проверка  на  стручната  работа  во  поглед  на здравствената заштита што му е укажана“ (член 54, став 1).

Во однос на правото на информација, Законот за безбедност во снабдувањето со крв се повикува на Законот за заштита на правата на пациентите, односно при трансфузија на крв и крвни компоненти се применуваат и одредбите од прописите со кои се уредува заштитата на правата на пациентите.

Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, исто така, го регулира прашањето на давањето информација на пациентот. Па така, во членот 11 е наведено дека „пред спроведување на постапката на алогенеичко БПО во која се користат донирани полови клетки или ембриони, за брачните или вонбрачнте двојки или жената од членот 9, став 3 на овој закон, задолжително е претходно правно и психолошко советување. Психологот е должен лицата од ставот  1 на  
овој член да ги запознае со можните психички реакции од постапката на алогенеичко БПО. За извршениот совет психологот е должен да издаде писмена потврда. Правникот е должен лицата од ставот 1 на овој член да ги запознае со правното значење и последиците од согласноста за планираната постапка на алогенеичко  БПО,  како  и  со  родителските  права  кои  произлегуваат  од  медицинската постапка. За дадениот совет е должен да издаде писмена потврда. Здравствената установа во која се спроведува БПО е должна да обезбеди правно и психолошко советување, а ако тоа не е можно е должна лицата од ставот 1 на овој член да ги упати во друга здравствена установа во која се спроведува соодветно советување“.

Законот за ментално здравје во членот 21 го уредува правото на информација на пациентот: „Здравствената установа е должна да дава информации на лицето со ментална болест од членот 19 на овој закон, ако со тоа не се предизвикува нарушување на состојбата со неговото ментално здравје“.

Етички кодекси

Според членот 21 од  Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија, „пред да го почне лекувањето лекарот е должен да го извести болниот за видот на болеста, за моментната здравствена состојба и за предвидувањата за исходот на болеста. За предвидените начини на лекување тој треба да добие свесна и доброволна согласност од болниот.

Известувањето на пациентот за неговата здравствена состојба треба да биде исклучително и во најширока смисла во негова полза. Лекарот го обврзуваат особена внимателност и прецизност во објаснувањето кога применува дијагностички и терапевтски методи поврзани со ризик. При посебни психички состојби на болниот, објаснувањата не се препорачливи ако би можеле да влијаат негативно врз лекувањето. Во такви случаи е потребно да се информираат роднините на болниот. Недозволиво би било лекарот да ја одбегнува таа тешка задача и болниот да ја дознае дијагнозата од друг медицински персонал. Ако здравствената состојба на болниот не покажува надеж за оздравување или ако му се заканува смрт, лекарот е должен да го извести семејството на болниот доколку самиот не реши поинаку. Во никој случај не смее на болниот да му ја откаже натамошната нега и треба да му дава морална поддршка“.

Исто така, според членот 23 од Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија, „лекарот е должен при приемот во болница да  го  извести пациентот  за рутинските  постапки, за начините  на  лекувањето  и за медицинско - техничките можности со кои располага здравствената установа“.

Во согласност со  Кодексот на професионални етички должности и права на фармацевтите на Македонија, „фармацевтот е одговорен при издавањето лекови, со советување на пациентот, да обезбеди што е можно поадекватна употреба на лекот.  

На  тој  начин  фармацевтот - аптекар  обезбедува  соодветен  (максимален),  терапевтски ефект кон пациентот и минимум несакани ефекти“ (член 17).  

Според членот 18, „фармацевтот, исто така, треба да одговори на сите прашања на пациентот што ќе му ги постави во врска со името на лекот, чувањето, како и кога треба да го зема лекот, сите несакани ефекти и интеракции со алкохол или други истовремено ординирани лекови“.  
Во согласност со членот 19, „фармацевтот е должен да ги соопштува сите информации во врска со лекот на пациентот и тоа усно или писмено. Ова е неопходно и при издавање на лекот на пациентот на рецепт, а особено е значајно овие информации да се даваат кога се работи за издавање на лекови од т.н. рачна продажба кога фармацевтот - аптекар, иако експерт за лекови, треба директно, користејќи го своето знаење, да учествува при изборот на лекот и при тоа ставајќи го на прво место здравјето на пациентот, а не цената на лекот“.

Право на согласност

 

Европска повелба за правата на пациентите

„Секој поединец има право на пристап до сите информации кои ќе му овозможат  активно  учество  во  донесувањето  одлуки  во  врска  со  сопственото здравје; овие информации се предуслов за секоја процедура или третман, вклучувајќи и учество во научно истражување.  
Здравствените установи и здравствените работници мора да му ги дадат на пациентот  сите  информации  поврзани  со  неговото  лекување,  вклучувајќи ги  и  можните  ризици  и  непријатности,  несакани  ефекти  и  избори.  Оваа информација мора да биде дадена навреме (најмалку 24 часа однапред) за да му овозможи на пациентот активно да учествува во терапевтскиот избор, во зависност од неговата здравствена состојба.
Здравствените установи и здравствените работници мора да користат јазик што е разбирлив за пациентот и да комуницираат на начин кој е разбирлив за лицата без стручна подготовка.  
Во случаите кога е потребно правен застапник да даде информирана согласност, пациентот, без оглед дали е малолетно лице или возрасен кој не може да разбере или да даде своја согласност, и натаму треба да биде вклучен во донесувањето на одлуките за неговото здравје, се разбира, колку што дозволува ситуацијата.  
Согласност од пациентот мора да се обезбеди на оваа основа.
Пациентот има право да одбие третман или медицинска интервенција и да го промени своето мислење во текот на третманот одбивајќи го неговото продолжување.
Пациентот има право да одбие информација која се однесува на неговата здравствена состојба“.

Правото како што гласи во националното законодавство

Во Законот за заштита на правата на пациентите  е уредено правото на пациентот на учество во одлучувањето. Ова право, според членот 6 од Законот, „...го опфаќа правото на информираност и правото на прифаќање или одбивање на определена медицинска интервенција. Правото на пациентот на учество во одлучувањето може да се ограничи по исклучок само кога е тоа оправдано со здравствената состојба на пациентот, во случаите и на начин уредени со овој закон“.

Според членот  14 од Законот за заштита на правата на пациентите, „пациентот има право да прифати или да одбие определена медицинска интервенција со потпишување на изјава, освен во случаите на медицински интервенции чие одложување или непреземање би го загрозило животот и здравјето на пациентот, односно животот и здравјето на други лица или би предизвикало привремено или трајно оштетување на неговото здравје, односно здравјето на други лица“ (став 1).

„Слепо лице, глуво лице што не знае да чита, немо лице што не знае да пишува и глувонемо лице прифаќањето или одбивањето на определена медицинска интервенција го врши во присуство на член на семејството, старател или законски застапник“ (член 14, став 4).

„За пациентот кој не е при свест, за пациентот кој е примен во здравствена установа  без  негова  согласност,  за  деловно  неспособен  или  малолетен  пациент, освен во случаи на неодложна медицинска интервенција, изјавата ја потпишува неговиот родител, законскиот застапник, односно старателот“ (член 15, став 1).  

„Во интерес на пациентот, овие лица можат да ја повлечат изјавата во кое било време, на ист начин на кој таа е дадена“ (член 15, став 2).

„Во случај кога интересите на пациентот и неговиот родител, законскиот застапник,  односно  старателот  се  спротивставени,  здравствената  установа  е  должна веднаш да го извести надлежниот Центар за социјални работи, кој решава според начелото на итност“ (член 15, став 3).

„Ако  заради  итноста  на  состојбата  не  може  да  се  добие  согласност  од  родителот,  законскиот  застапник,  односно  старателот,  пациентот  ќе  биде  подложен на медицинска интервенција само во случај кога заради непреземање на таа интервенција непосредно би бил загрозен неговиот живот, односно животот на други лица или би бил во сериозна и непосредна опасност од тешко оштетување  
на неговото здравје, односно здравјето на други лица. Интервенцијата може да се спроведе без изјава за согласност само додека трае непосредната опасност“ (член 16).

Заштита на правата на пациентот врз кого се врши научно истражување е посебно регулирана со Законот за заштита на правата на пациентите. Така, според членот 17, став 1 од Законот „неопходна е свесна, јасна, доброволна и изречна согласност од пациентот за да се изврши научно истражување над пациент“.

Изјавата за согласност за учество во одредено научно истражување пациентот мора да ја даде во писмена форма, датирана и потпишана, дадена врз основа на прецизни и на разбирлив начин дадени информации за природата, важноста, последиците и ризиците на истражувањето. За деловно неспособен или малолетен пациент, во согласност со членот 17, став 2 од Законот, изјава за согласност дава неговиот родител, законски застапник или старател, со одобрение на надлежниот  
Центар за социјална работа. Кога е во интерес на пациентот, изјавата може да ја повлече самиот пациент или неговиот застапник (став 3).

Во членот  19, став 2 поединечно се наброени условите под кои може да се врши научно истражување над пациентот и тоа ако: „не постои замена за истражувањето со која би се постигнала истата или приближно истата цел кај луѓето; ризиците на кои се изложува пациентот се сразмерни на можната корист од истражувањето; истражувањето е одобрено од страна на Етичкиот комитет при Лекарската, Фармацевтската или Стоматолошката комора во областа на здравството, со мултидисциплинарен состав, по спроведеното независно испитување на неговата научна вредност, важноста на целта на истражувањето и оценката на неговата етичка прифатливост; пациентот над кој се врши истражувањето е задолжително информиран за своите права, како и за нивната заштита во согласност со овој закон; и добиена е изјавата за согласност на пациентот за вршење научно истражување“.
За пациентите на кои им е одземена деловната способност, пациент што не е во состојба да расудува, како и над малолетен пациент научното истражување може да се преземе ако дополнително е обезбедено дека резултатите од истражувањето можат да придонесат за стварната и непосредна корист за здравјето на пациентот, е добиена изјава за согласност од родителот, законскиот застапник, односно старател, како и одобрение на надлежниот Центар за социјална работа и пациентот не се противи на истражувањето (член 20, став 1).

Со  ставот  2  од  истиот  член  е  уреден  исклучок  во  однос  на  резултатите  од истражувањето  кои  може  да  придонесат  за  стварната  и  непосредна  корист  за здравјето на пациентот, односно во случај кога истражувањето не може да даде резултати од непосредна корист за пациентот, истото може да се одобри под услов да има согласност и целта на истражувањето да биде постигнување резултати што можат да бидат од корист на пациентот или на други пациенти од иста старосна група или пациенти со иста болест и истражувањето да опфаќа минимален ризик и минимално оптоварување за пациентот.

Според членот 18 од Законот за заштита на правата на пациентите, „пациент може да биде вклучен во медицинска настава само ако даде свесна, јасна, доброволна и изречна писмена согласност или усна согласност пред двајца сведоци. Изјавата може да биде дадена по претходно прецизни и на разбирлив начин дадени информации за природата, важноста, последиците и ризиците на наставата од страна на здравствен работник“.

Дополнителни прописи

Во  Законот  за  здравствена  заштита  е  содржана  одредба  за  правото  на граѓанинот хируршки и други медицински интервенции да се преземаат само со претходна писмена согласност на болниот, односно на родителот или старателот доколку се работи за малолетно лице или лице на кое му е одземена деловната способност. Исклучок е направен само во итни случаи, односно во случаи кога  
болниот не е во можност да даде согласност заради итноста на состојбата и тогаш хируршката или друг вид интервенција се презема само по претходно мислење од најмалку двајца лекари (член 50).

Според  Законот  за  ментално  здравје,  прием  на  „лице  со  ментална  болест во која било болничка здравствена установа може да се изврши само ако лицето се согласило на нега, третман и рехабилитација или за прием врз основа на судска одлука, и во случаи кога какво било одложување на нега, третман или рехабилитација или за прием заради моментната состојба со неговото ментално  
здравје може да доведе до смрт или непоправлива штета по неговото здравје, сериозна самоповреда или повреда на други, како и предизвикување на сериозна материјална штета“ (член 16).

Во согласност со Законот за безбедност во снабдувањето со крв, „пациентот пред да прими крв или крвна компонента треба да даде писмена согласност дека бил известен за трансфузијата и за можните последици, за можноста од употреба на автологна крв и дека доброволно се согласува да ја прими. Ако пациентот не е во состојба да го стори тоа или ако е малолетно лице, писмена согласност дава законскиот застапник или старател. Во итни случаи докторот на медицина е должен да постапи во согласност со медицинските принципи. На правото на информација и други права на пациентите при трансфузија на крв и крвни компоненти се применуваат и одредбите од прописите со кои се уредува заштитата на правата на пациентите“ (член 30).

Според Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО), „брачните или вонбрачните двојки имаат право да бидат известени за сите можности на  лекување,  како  и  за  другите  начини  на  остварување  на  родителството  преку посвојување, особено во случај на истовремена неплодност кај мажот и жената поради која немаат изглед да добијат сопствено потомство“ (член 10, став 1). „Пред спроведување на постапката на БПО овластен лекар во здравствената установа е должен на брачната или вонбрачната двојка или жената да им ја објасни постапката, успешноста на постапката, како и можните последици и ризици што можат да се случат при и по завршување на која било процедура во текот на постапката за БПО“ (член 10, став 2). Исто така, „пред спроведување  
на постапката на алогенеичко БПО, во која се користат донирани полови клетки или ембриони, за брачните или вонбрачните двојки или жената, задолжително е претходно правно и психолошко советување“ (член 11, став 1). По спроведно советување, задолжителна е писмена согласност на примателите на донирани полови клетки и ембриони за спроведување на постапката за БПО (член 12) и согласност на донаторите донираните сперматозоиди или јајце - клетки да бидат употребени за спроведување постапка за оплодување на друга жена (член 13). Според членот 15 од Законот за БПО, „донирање и набавка на сперматозоиди и јајце-клетки, во согласност со одредбите на овој закон, може да се спроведе само врз основа на слободна писмена согласност на донорите“ (став 1). „Донирање и набавка на ембриони може да се спроведе само врз основа на слободна писмена согласност на мажот и жената кои се откажале од сопственото користење на ембрионот“ (став 2). „Изјавата за повлекување на согласноста донорите на сперматозоидите, јајце - клетки и на ембриони ја даваат во писмена форма“ (став 7, алинеја 1, 2 и 3).  

Според членот 37, став 3 од Законот, „за воспоставување и употреба на нови постапки за БПО, додека се во експериментална фаза, потребно е одобрение од Државната комисија и писмена согласност на брачните или вонбрачните другари, односно жената“.

Етички кодекси

Според  Кодексот  на  медицинската  деонтологија  на  Лекарската  комора  на Македонија,  „лекарот,  по  сопствена  процена  по  секој  зафат,  може  да  бара  писмена  согласност  од  болниот  откако  ќе  го  информира  за  испитувањата,  за дијагнозата, за начините на лекувањето и за прогнозата. Само во случај кога се работи за итен зафат поради животна опасност, а пациентот не е во состојба да  даде согласност, лекарот може да го изведе зафатот без согласност од болниот.  
Посебна грижа и одговорност за лекарот претставуваат малолетните лица и лицата под старателство. Во такви случаи при подготовките за зафатот, односно при планираното лекување, треба да биде добиена посебна согласност од правните застапници на болниот, освен ако тој не се наоѓа во конкретна животна опасност“ (член 22).

Дополнителни важни информации

Закон за заштита на личните податоци: „Обработката на личните податоци може да се врши: по претходно добиена согласност на субјектот на лични податоци; за извршување на договор во кој субјектот на лични податоци е договорна страна или на барање на субјектот на лични податоци, пред негово пристапување кон договорот; за исполнување на законска обврска на контролорот; за заштита на животот или суштинските интереси на субјектот на лични податоци; за извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на контролорот или на трето лице на кое му се откриени податоците или за исполнување на правните интереси на контролорот, трето  лице или лице на кое податоците му се откриени, освен ако слободите и правата на субјектот на лични податоци не преовладуваат над таквите интереси. Контролорот го докажува постоењето на согласност на субјектот на лични податоци од ставот 1, алинеја 1 на овој член“ (член 6).

Право на слободен избор

 

Европска повелба за правата на пациентите

 „Секој  поединец  има  право  на  слободен  избор  меѓу  расположивите  процедури  за  лекување  и  здравствени  работници,  врз  основа  на  соодветна информација.
Пациентот  има  право  да  одлучи  кои  дијагностички  испитувања  и  терапии  да  се  спроведат  и  кој  матичен  лекар,  специјалист  или  болница  да  ги користи.  Здравствениот  систем  има  обврска  да  го  гарантира  ова  право овозможувајќи  му  на  пациентот  информации  за  различните  центри  или лекари  кои  се  оспособени  да  даваат  одредени  услуги,  како  и  за  резултатите  од  нивото  работење.  Системот  мора  да  ги  отстрани  сите  пречки  во спроведувањето на ова право.  
Пациентот кој нема доверба во неговиот лекар има право да одбере друг лекар“.

Правото како што гласи во националното законодавство

Според Законот за заштита на правата на пациентите, во членот 6 и во членот 14 правото на избор е изразено преку правото на пациентот „...да прифати или да одбие определена медицинска интервенција, освен во случаите на медицински интервенции чие одложување или непреземање би го загрозиле животот и здравјето на пациентот, односно животот и здравјето на други лица или би  предизвикало привремено или трајно оштетување на неговото здравје, односно здравјето на други лица“.

„Прифаќањето или одбивањето на определена медицинска интервенција пациентот го изразува со потпишување на изјава“ (член 14, став 2).

Членот 14, став 4 од истиот закон се однесува на правото кај лица со посебни потреби, односно: „слепо лице, глуво лице што не знае да чита, немо лице што не знае да пишува и глувонемо лице прифаќањето или одбивањето на определена медицинска интервенција го врши со изјава дадена пред двајца сведоци“.

Правото на избор е содржано и во правото на пациентот „...да одбие прием на информација за природата на својата здравствена состојба и очекуваниот исход на предложените или преземени медицински интервенции“, и тоа со писмена и потпишана изјава (член 12). Сепак, „пациентот не може да се одрече од правото  на информација во случаите во кои мора да биде свесен за природата на својата болест за да не го загрози здравјето на другите“ (член 13).

Со Законот за заштита на правата на пациентите  на пациентот му се гарантира правото самоволно да ја напушти болничката здравствена установа (член 27, став 1, алинеја 1). Ова право е ограничено „во случаите утврдени со друг закон, како и во случаите кога тоа би било штетно за неговото здравје или здравјето или безбедноста на други лица“ (член 27, став 1, алинеи 2 и 3). Напуштањето може да се изврши откако пациентот дал „писмена изјава или усна изјава пред двајца присутни сведоци кои ја потпишуваат изјавата за намерата на пациентот да ја напушти  установата“  (став  2),  која  „...се  приложува  во  медицинското  досие  на пациентот“  (став  3).  Доколку  пациентот  ја  напушти  здравствената  установа  самоволно  без  најава,  „...надлежниот  здравствен  работник  е  должен  да  го  запише напуштањето во медицинското досие на пациентот“ (став 4). Во случаи кога здравствената состојба на пациентот го налага тоа, „...надлежниот здравствен работник е должен за напуштањето на здравствената установа од страна на пациентот без најава да го извести лицето од членот 25, став 6 од овој закон, а во случаи пропишани со други прописи и надлежни органи“ (став 5), а ако пациентот е неспособен за расудување, односно е малолетно лице, да го извести неговиот родител, законскиот застапник, односно старателот, како и Центарот за социјална работа (став 6).

Дополнителни прописи

Во Законот за здравствена заштита не е содржана изрична одредба со ваква содржина, но истата произлегува од обврската на здравствената установа која во рамките на нејзината дејност „е должна да дава здравствена заштита на лице кое ќе побара здравствена заштита“ (член 46, став 1).  

Во Законот за здравствено осигурување е содржано правото на осигуреното лице на избор на лекар во примарната здравствена заштита (член 28 став 2) и лекар во специјалистичко - консултативната и болничката здравствена заштита, но со упат од избраниот лекар од примарната здравствена заштита (член 29, став 1).

Според Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО), постапката за БПО се спроведува по барање на брачна или вонбрачна двојка, односно жената од членот 9, став 3 и врз основа на слободна писмена согласност (член 12, став 1). Односно по барање на корисникот и по предлог на доктор - гинеколог-акушер.

Етички кодекси

Според членот 15 и членот 28 од  Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската  комора  на  Македонија,  „лекарот  и  здравствената  организација треба да се грижат и да обезбедуваат континуитет на лекувањето, по можност со ист лекар, во согласност со правото на пациентот да избира лекар“ (член 15), односно „лекарот го зема предвид и го почитува начелото за слободен избор на лекар и на здравствена установа и се залага за реализација на тоа право на болниот“ (член 28).

Право на приватност и доверливост

 

Европска повелба за правата на пациентите

„Секој поединец има право на тајност на личните податоци вклучувајќи ги и податоците во врска со неговото здравје, можната дијагноза или лекување, како   и   право   на   заштита   на   приватноста   во   текот   на   изведувањето дијагностички испитувања, специјалистички посети и медицински / хируршки постапки воопшто.
Сите податоци и информации што се однесуваат на здравствената состојба на поединецот и на медицинските и хируршките постапки на кои тој е подложен мора да се третираат како лични и како такви да бидат соодветно заштитени.  
Личната приватност мора да се почитува дури и во текот на медицинските/хируршките процедури (дијагностички испитувања, специјалистички посети, лекови итн.) кои мора да се спроведуваат во соодветно опкружување и во присуство само на тие што безусловно мора да бидат таму (освен ако  пациентот изрично не дал согласност, односно побарал присуство на друго лице)“.

Правото како што гласи во националното законодавство

Со членот 25 од Законот за заштита на правата на пациентите е регулирано „...правото на доверливост (тајност) на личните и медицинските податоци, кои мора да се чуваат во тајност и после неговата смрт, во согласност со прописите за заштита на личните податоци“ (став 1). Исклучок постои, односно податоците за пациентот можат да бидат откриени, само ако: „пациентот даде писмена согласност; се неопходни за медицинска интервенција на пациентот во друга установа; се неопходни за обработка пропишана со закон, од страна на здравствена установа која обезбедува здравствени услуги на пациентот; се искористат во историски, научни, истражувачки или едукативни цели, под услов идентитетот на пациентот да не може да се открие, и тоа е во согласност со друг закон со цел за заштита на животите, безбедноста или здравјето на други лица“ (став 2).

Откривањето на податоците, во согласност со Законот, може да „се врши само на начин и до степен до кој се остварува целта на откривањето на информацијата и се заштитува во најголема можна мера тајноста на податоците“ (став 3).  

Лицата кои ќе дојдат до овие податоци се должни да ги чуваат „во согласност со прописите за чување на професионална и деловна тајна, како и за заштита на личните податоци“ (став 4).

„Човечките супстанции од коишто може да се идентификува пациентот мора да се чуваат во тајност, во согласност со прописите за заштита на личните податоци“ (став 5).

Во однос на приемот во болничка здравствена установа, пациентот има право да даде писмена или усна изјава за лицата на кои може да им се даде информација за неговиот прием, како и за неговата здравствена состојба, односно за лицата на кои не смее да им се даде таква информација (став 6).

За да се обезбеди соодветна заштита, личните податоци на пациентите се обработуваат во согласност со прописите од областа на заштитата на личните податоци (став 8).

Правото на приватност е уредено и со членот 28 од Законот за заштита на правата на пациентите, според кој „пациентот има право на услови што обезбедуваат приватност при медицинските интервенции, а особено при укажувањето на личната нега“ (став 1). Така, медицинска интервенција може да се примени само во присуство на лица што се неопходни за извршување на интервенцијата, освен ако пациентот се согласи или побара да биде поинаку (став 2).
„Пациентот сместен во болничка здравствена установа има право:
-   да биде сместен во одвоени простории од пациент со различен пол;
-   малолетен пациент да биде сместен одвоено од полнолетен пациент;
-   да  поседува  предмети  за  лична  употреба  за  облекување,  обезбедување  на  
    лична хигиена, како и за други лични и неопходни потреби во согласност со неговата здравствена состојба...“ (став 3).

Исто така, во согласност со членот 5 од истиот закон, „личноста и достоинството на секој пациент мора да се почитуваат“ (став 4), односно „пациентот има право за време на престојот во здравствената установа на лична сигурност“ (став 5).

Дополнителни прописи

Во Законот за здравствена заштита е содржана одредба (член 49) која се однесува на правото на почитување на достоинството на корисникот на здравствената заштита, обврската на здравствените работници да се придржуваат кон медицинската етика и да ја чуваат професионалната тајна. При тоа, обврската за чување на професионалната тајна е проширена и на другите работници во здравствената  организација  кои  користат  медицинска  документација  или  кои  на  кој било начин во извршувањето на своите работни задачи ќе дојдат до податоци кои се содржани во документацијата.

Со Законот за ментално здравје е уредено правото „да се почитуваат личноста, достоинството и приватноста на секое лице со ментална болест. Лицето со ментална болест има право на заштита од каква било форма на малтретирање, понижување  и  злоупотребување  и  не  смее  да  биде  дискриминирано  поради состојбата со неговото ментално здравје“ (член 7).

Со Законот е предвидена обврска „здравствената установа податоците за денот и за часот на приемот на лицето со ментална болест, идентитетот, медицинскиот упат, извештаите за состојбата со менталното здравје, планот и програмата за третман и рехабилитација, како и други документи во врска со состојбата со менталното здравје на лицето да ги евидентира, комплетира и чува на начин кој обезбедува нивна тајност и заштита во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Овие податоци, здравствената установа може да ги достави до друг лекар ако тоа е неопходно за натамошниот третман и нега на лицето со ментална болест, до службените лица во надлежниот Центар за социјална работа, како и до други надлежни државни органи, на нивно писмено барање“ (член 18).

Со Законот за безбедност во снабдувањето со крв е уредена заштитата и тај-носта на сите лични, медицински и генетички податоци за дарителот на крв содржани во медицинското досие. Податоците и документите, во согласност со Законот, претставуваат класифицирана информација и се чуваат во согласност со прописите за заштита на класифицирани информации и лични податоци (член 17).

На  пристапот  кон  медицинското  досие,  на  обезбедувањето  на  доверливост  на личните, медицинските и генетичките податоци, како и нивното откривање, установата за трансфузиска медицина е должна да ги применува прописите за заштита на правата на пациентите, за класифицирани информации и за заштита на личните податоци (член 17, став 3).

Етички кодекси

Според членот 1, алинеја 5, од Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија, „лекарот се обврзува да ги чува тајните што ќе му бидат доверени при вршењето на професијата“.

Според членовите 55-58  од  Кодексот, „лекарот со закон е обврзан да ја чува професионалната тајна. За професионална тајна се смета сè што здравствениот работник и другите работници при вршењето на својата професија ќе разберат за болниот и за неговите лични или семејни работи. Професионалната тајна важи за писмените известувања во врска со лекувањето на болниот, за сите наоди и снимки. Лекарот е должен да ја чува професионалната тајна и од член на семејството на болниот доколку е тоа во интерес на болниот. Чувањето на професионалната тајна е должност и по смртта на болниот“ (член 55).

Според членот 56, „во случај кога болниот го ослободува лекарот од чувањето на професионалната тајна, лекарот оценува што од соопштението би можело да му наштети на болниот и неговото семејство и кои податоци ќе ги задржи во тајност“.Во согласност со членот 57, „лекарот и неговите соработници се должни и да ја почитуваат професионалната тајна и во едукативниот процес. Тие начела треба да ги пренесуваат и на слушателите кои се обврзуваат дека доследно ќе ги почитуваат“.

Според членот 58, „во научноистражувачките публикации во текот на наставата, податоците за резултатите од истражувањата и заклучоците треба да се соопштуваат така што да биде обезбедена анонимност на болниот. Јавно покажување на болниот на научни или наставни цели може да се врши само со согласност на болниот, а при тоа треба да се обезбеди професионалната тајна и неговото лично достоинство“.


Право на почитување на времето на пациентот

 

Европска повелба за правата на пациентите

„Секој поединец има право на навремено лекување. Ова право се однесува на секоја фаза од лекувањето.
Здравствената заштита има обврска да го одреди времето на чекање, во рамките на кое ќе бидат дадени одредени услуги, врз основа на специфични стандарди и во зависност од степенот на итност на случајот.
Здравствената заштита на секој поединец мора да му гарантира пристап до услугите овозможувајќи најкратко време на чекање во случај кога постојат листи за чекање за одредена услуга.  
Секој поединец што ќе изрази желба, има право да ги консултира листите на чекање, во рамките на тоа што го дозволува заштитата на приватноста на другите.  
Таму каде што здравствениот систем не е во можност да ги испорача здравствените услуги во рамките на предвиденото максимално време на чекање, мора да ја гарантира можноста за барање алтернативни услуги со споредлив квалитет, а трошоците наметнати на пациентот мора да се надоместат во разумно време.
Лекарите мора да одвојат соодветно време за нивните пациенти вклучувајќи го и времето потребно за давање информации“.

Правото како што гласи во националното законодавство  

Правото на навремено лекување произлегува од правото на квалитетна и континуирана здравствена заштита на пациентот. Автоматски, доколку пациентот не се лекува навреме, тоа само по себе значи дека ефектите од лекувањето нема да бидат како тие заради кои е почнато лекувањето. Ова право е поврзано со правото на пристап до здравствена заштита, како услов за лекување, па и навремено лекување.

Законот за здравствена заштита  пропишува дека „здравствената заштита ја сочинуваат мерките, активностите и постапките за зачувување и унапредување на здравјето и животната и работната средина, правата и обврските што се остваруваат во здравственото осигурување, како и мерките, активностите и постапките кои ги преземаат организациите од областа на здравството за зачувување и унапредување на здравјето на луѓето, спречување и сузбивање на заболувањата, повредите и другите нарушувања на здравјето, раното откривање на заболувањатаи состојбите на здравјето, навремено и ефикасно лекување и рехабилитација со примена на стручно - медицински мерки, активности и постапки“ (член 2).
Ова право е уредено и со Законот за заштита на правата на пациентите. „Со заштитата на правата на пациентот се обезбедува квалитетна и  континуирана здравствена заштита во согласност со тековните достигнувања во здравството и медицината...“ (член 2). Овој закон, во начелото на достапност јасно определува здравствени услуги што постојано се достапни и пристапни на сите пациенти подеднакво и без дискриминација; дека мора да постои континуитет на здравствената  заштита  вклучувајќи  соработка  меѓу  сите  здравствени работници,  здравствени соработници и/или здравствени установи што може да бидат вклучени во целиот процес на третман на одредена состојба или заболување на пациентот; дека мора да се обезбеди  праведна и фер постапка за избор за третман, во услови кога постои можност за избор од страна на здравствените установи на потенцијални пациенти за посебен третман кој е достапен во ограничен обем, при што изборот треба да се заснова на медицински критериуми, без дискриминација (кај листите на чекање), како и тоа дека мора да се воспостави достапност на служби за домашно лекување, односно служби во заедницата каде што живее пациентот (член 3, став 3).

„Пациентот има право на грижа, лекување и рехабилитација што се во согласност  со  неговите  поединечни  потреби  и  способности  и  што  ја  унапредуваат состојбата со неговото здравје, со цел да го достигне највисокото можно лично ниво на здравје, во согласност со достапните методи и можности на медицината, а во согласност со прописите од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување“ (член 5, став 3).
„Здравствената установа е должна, по приемот и распоредувањето на пациентот, да спроведе процедура на дијагностика, третман и рехабилитација на пациентот; за спроведената процедура да води писмена белешка. Програмата за третман од ставот 2 на овој член има цел да се подобри здравствениот статус на пациентот, најмалку до мера пациентот да се оспособи за нега и третман во заедницата во која живее. Во програмата задолжително треба да се предвидат контролни прегледи заради тековно утврдување на состојбата со здравјето на пациентот“ (член 35).

Дополнителни прописи

Види: Право на пристап до здравствена заштита.

Етички кодекси

Во однос на времето на лекување на пациентот (навременост на медицинските интервенции), иако истото не е директно регулирано во етичките кодекси, практичниот аспект на проблемот не е во спротивност со именуваното право.

Право на почитување на стандардите за квалитет

 

Европска повелба за правата на пациентите

„Секој поединец има право на пристап до висококвалитетна здравствена заштита заснована на прецизни стандарди.  
Правото на квалитетна здравствена заштита бара од здравствените установи и од здравствените работници да обезбедат задоволително ниво на технички перформанси, удобност и човечки односи. Тоа имплицира специфицирање и почитување на прецизните стандарди за квалитет, донесени со  постапка на јавни и професионални расправи, и тие треба да се проверуваат и оценуваат периодично“.

Правото како што гласи во националното законодавство

Ова право најјасно е уредено со Законот за заштита на правата на пациентите, односно „пациентот има право на грижа, лекување и рехабилитација што се во согласност со неговите поединечни потреби и способности...во согласност со достапните методи и можности на медицината, а во согласност со прописите од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување“ (член 5,  
став 3).

Дополнителни прописи

Со Законот за заштита на населението од заразни болести се пропишува дека „мерките за заштита од заразни болести непосредно ги спроведуваат здравствените установи и здравствените работници, при што  применуваат методи и средства во согласност со најновите научномедицински достигнувања, овој закон и со друг закон од областа на здравствената заштита“ (член 7, став 1).

Со Законот за безбедност во снабдувањето со крв се пропишува дека „крвта и крвните компоненти мора да бидат со квалитет и безбедност, така што нема да ги загрозуваат животот и здравјето на примателот на крв и крвни компоненти. Поблиските критериуми по однос на квалитетот и безбедноста на крвта и крвните компоненти ги пропишува министерот за здравство“ (член 20).

Со Законот за лекови и медицински помагала, „се уредуваат лековите и медицинските  помагала  за  употреба  во  хуманата  медицина,  условите  и  начинот за обезбедување на нивниот квалитет, безбедност и ефикасност, начинот и постапките  за  нивно  производство,  испитување,  пуштање  во  промет,  промет, формирање на цени, контрола на квалитет, огласување и инспекциски надзор“  (член 1, став 1).

Со Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување се уредува дека „БПО се врши со цел да се постигне оплодување во согласност на научнотехничкиот напредок, медицинската наука и искуствата, со посебен акцент кон човековите права (член 2, став 2).

Со Законот за условите за земање, разменување, пренесување и пресадување делови  од  човечкото  тело  заради  лекување се  уредуваат  „..условите  за земање, разменување, пренесување и пресадување делови од човечкото тело заради лекување...“ (член 1, алинеи 1, 2 и 3), чијашто цел е квалитетно и безбедно спроведување на медицинските постапки.

Со Законот за прекин на бременоста, исто така, се воспоставуваат стандарди за квалитет во здравствената заштита при изведување на медицинските интервенции.

Етички кодекси

Во етичките кодекси нема одредби кои директно се однесуваат на ова право.

Право на безбедност

 

Европска повелба за правата на пациентите

„Секој поединец има право да биде заштитен од штетите што може да ги предизвика  лошото  функционирање  на  здравствениот  систем,  медицинска или лекарска грешка, како и право на пристап до здравствени услуги и лекување кои исполнуваат високи стандарди за безбедност.
За да го гарантираат ова право, болниците и здравствената заштита мора да ги следат факторите на ризик постојано и да осигураат соодветно одржување на уредите за водење електронски медицински досиеја, односно соодветна обука за тие што ракуваат со нив.
Сите здравствени работници мора да бидат целосно одговорни за безбедноста на сите фази и елементи од медицинската процедура.
Лекарите мора да бидат оспособени да го отстранат ризикот од грешки преку следење на претходните искуства и да добиваат континуирана обука.
Здравствените работници кои ќе пријават постојни ризици на своите претпоставени или колеги треба да бидат заштитени од можните несакани последици“.  

Правото како што гласи во националното законодавство

Законот за заштита на правата на пациентите ja регулира безбедноста на пациентите;  „личноста  и  достоинството  на  секој  пациент  мора  да  се  почитува“ (член 5, став 4), односно „пациентот има право на лична сигурност за време на престојот во здравствената установа“ (член 5, став 5).

При тоа, Законот оправдано прави разлика меѓу личната сигурност на пациентот во здравствената установа и неговата безбедност во врска со здравствената заштита што му се дава во здравствената установа.

Правото на безбедност на пациентот од аспект на квалитет на здравствените услуги не е јасно уредено во нашето законодавство, освен во Законот за заштита на правата на пациентите. Тоа треба да се гледа поврзано со правото на квалитетна здравствена заштита, како и со прашањето на медицинската грешка. Во нашето право прашањето на медицинска грешка е уредено преку обврските и одговорностите на здравствените работници (види Поглавје 7), но и со Кривичниот законик на Република Македонија.

Единствено во Законот за заштита на населението од заразни болести се уредени, во членот 13, како „посебни мерки за заштита на населението од заразни болести:  
1) откривање на извори на зараза (заболени или носители) и поставување на етиолошка  дијагноза;  2)  пријавување  на  заразните  болести;  3)  епидемиолошки  истражувања;  4)  изолација, здравствен  надзор,  карантин,  превоз  и  задолжително  лекување;  5)  имунопрофилакса  и  хемиопрофилакса;  6)  дезинфекција, дезинсекција и дератизација; 7) спроведување на здравствено-хигиенски прегледи; 8) следење на  интрахоспиталните инфекции и преземање мерки за нивно превенирање и 9) здравствена едукација.  

Посебните мерки од ставот 1 на овој член се должни да ги спроведуваат здравствените установи.“  

„Превентивна дезинфекција е задолжителна во здравствени установи, училишни и предучилишни установи, социјални установи, угостителски објекти и јавни објекти (аеродроми, станици, пазари и слично), како и во објекти за производство, промет и складирање на храна. Превентивната дезинфекција се врши на секои шест месеци. Задолжителна е дезинфекција на секретите, екскретите, личните и други предмети и на просторијата во која престојувал болен од колера, чума, вирусни хеморагични трески, вирусни жолтици, дифтерија, цревен тифус, паратифуси, салмонелози, детска парализа, дизентерија, антракс, беснило и туберкулоза во заразен стадиум, како и на објекти при појава на епидемии од заразни болести“ (член 39).  

Други задолжителни и дополнителни мерки се уредени со членовите 40-49 од овој закон.

Секој лекар е должен да ги запознае пациентите со превентивните мерки за заштита од заразни болести, значењето на вакцинациите и со други мерки на заштита.

Задолжително е испитување на крводарителите и дарителите на ткива и органи, вештачко оплодување и оплодување ин витро на присуство на сифилис, вирусните хепатитис Б и хепатитис Ц, ХИВ и други болести кои се пренесуваат со човечки материјал.

Испитувањето  на  човечкиот  материјал  од  ставот  1  на  овој  член  е  задолжително  и  во  случаи  кога  земањето  на  материјалот  не  е  направено  во  Република Македонија,  односно  нема  доказ  дека  направените  испитувања  се  негативни (член 51).

Дополнителни прописи
 
Во согласност со Законот за ментално здравје, лицето со ментална болест за време на престојот во здравствена установа има право на лична сигурност (член 14).

Етички кодекси

Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија и Кодексот на професионални етички должности и права на фармацевтите на Македонија  во членот 36 и во членот 38, соодветно, утврдуваат дека во согласност на начелата за безбедност и солидарност, лекарите, без оглед на нивното работното место и работна оспособеност, треба да бидат подготвени да се јават на работа веднаш во случај на вонредни околности, свесни за моралната и за човечката одговорност.

Право на иновација

 

Европска повелба за правата на пациентите

„Секој  поединец  има  право  на  пристап  до  иновативни  процедури  на лекување и до дијагностика според меѓународните стандарди, независно од неговата економска или финансиска положба.
Здравствената заштита има обврска да го унапредува и одржува истражувањето  на  полето  на  биомедицината,  обрнувајќи  особено  внимание на ретките заболувања.
Резултатите од истражувањето треба да бидат соодветно дисеминирани“.

Правото како што гласи во националното законодавство  

Во согласност со Законот за заштита на правата на пациентите, „пациентот има право на грижа, лекување и рехабилитација што се во согласност со неговите поединечни потреби и способности и што ја унапредуваат состојбата со неговото здравје, со цел да го достигне највисокото можно лично ниво на здравје, во согласност со достапните методи и можности на медицината, а во согласност со  
прописите од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување“ (член 5, став 3).

Ова право треба да се гледа заедно со правото на почитување на стандардите за квалитет (под број 8).

Дополнителни прописи

Иако во постојната законска регулатива нема изрична одредба која го регулира ова право, Законот за здравствено осигурување овозможува лекување во странство (член 30), како форма на добивање здравствена услуга која не е достапна во земјата, но овозможува пристап до иновативни процедури на лекување и дијагностика.  

Според  членот  30,  „осигуреното  лице  може  да  користи  болничко  лекување  во странство со одобрение на Фондот, ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во Републиката, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување“ (став 1).  

Осигурените лица што привремено престојуваат во странство може да користат само итна медицинска помош, а начинот на користење на здравствените услуги и најповолните цени на здравствените услуги во странство ги утврдува Фондот со општ акт на кој министерот за здравство дава согласност.

Етички кодекси

Според  Кодексот  на  медицинската  деонтологија  на  Лекарската  комора  на Македонија, „лекарот е должен  постојано да се обврзува и да го продлабочува  своето  стручно  и  научно  знаење.  Тој  е  должен  да  се  грижи  и  да  се  залага за стручната оспособеност, моралот и етиката на соработниците; јавно и отворено да предупредува за причините на болестите и активно да соработува во спречувањето и отстранувањето на болеста. Лекарот се залага за здравствено  воспитување  и  за  растеж  на  здравствената  свест  и  здравствената  култура  на луѓето. Лекарот треба да се залага за спречување на сето она што го загрижува здравјето на човекот, да се бори против општата заостанатост и надрилекарство“ (член 4).

Според членот 31, „образованието на медицинскиот персонал и организацијата на здравствената дејност, на болните во болниците и во нивните домови треба да им обезбедат ефикасно олеснување на нивните болести, колку што тоа го дозволуваат современото медицинско знаење и можности“.  

Членот  59  од  Кодексот  на  медицинската  деонтологија  на  Лекарската  комора  на  Македонија утврдува  „должност  на  секој  лекар  во  постојаното  следење на достигнувањата на медицината и стручното усовршување. Стекнатото стручно знаење лекарот треба да го пренесува на своите колеги и на другите здравствени работници. Постојаниот развој и напредок на медицинската струка и на науката бара од лекарот постојано усовршување и образование во областа на медицинската теорија и практика, преку работа во самостојни стручни друштва, во здруженија, во научни и професионални установи“.

Во согласност со членот 60, лекарот е должен постојано да се грижи за збогатување на личните сознанија. Затоа настојува да ги збогати своите знаења од областа на хуманистичките, природно - научните и општествените науки.


© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE